Навики и верувања кои модерните родители треба да ги заборават, низ илустрации
Сакате да бидете совршена мајка
Жена со полно работно време, која секој ден прави ручек, се грижи за мало дете, секогаш изгледа беспрекорно, а нејзиниот дом „блеска“ – ова е само мит и освен ако немате дадилка, хигиеничарка и готвачка, тешко дека ќе го направите реалност.
Затоа, заборавете на тоа да бидете совршена мајка бидејќи е нереално.
Целосно му забранувате на детето да гледа телевизија
Нормално, не е во ред детето цел ден да го помине пред телевизор, но одвреме-навреме дозволувајте му да гледа. Денес постојат безброј цртани, документарци, емисии и што уште не кои се соодветни за негова возраст и од кои може да научи нешто, но и да ја разбуди својата креативност.
Ако гледањето е умерено, телевизијата може да биде одлична разонода за вашето малечко.
Никогаш не одвојувате време за себе
На секој родител му треба одмор и малку време за себе, па немојте да се чувствувате виновно ако еднаш неделно одите на масажа, во спа-центар, на шопинг или правите што било без вашето дете.
Најдете некој што ќе се грижи за вашето малечко и дозволете си да се разгалите, бидејќи дефинитивно заслужувате.
Срам ви е да побарате помош
Престанете да мислите дека сами морате да направите сè и побарајте помош кога имате потреба од тоа.
Никој не очекува сами да ги завршувате сите обврски во домот, посебно не кога имате и мало дете.
Го присилувате детето да јаде
Освен ако нема некој здравствен проблем или нарушување поврзано со исхраната, немојте да го присилувате детето да јаде кога е очигледно дека не е гладно.
Во некои ситуации можеби и нема да му се допаѓа храната, па наместо да го присилувате да го изеде тој оброк, понудете му нешто друго.
Генерално, не го терајте детето да јаде по секоја цена кога тоа не сака. Ако сте загрижени за тоа дали доволно јаде, секогаш е подобро да се консултирате со лекар.
Спирова С. | Црнобело