Како да го намалите времето поминато пред екран кај вашите деца?
Дајте им задачи додека подготвувате ручек
Најчесто децата добиваат уреди додека ни е потребно време за да ги завршиме обврските по дома.
Еден трик е да ги замолите е да ви помогнат во подготвувањето на вечерата или ручекот.
Секако, потрудете се сето тоа да биде забавно.
За време на оброците нема уреди
Доколку во семејството имате можност да јадете сите заедно, обидете се за време на оброците да не користите уреди. И, запомнете дека тоа правило треба да важи за секој член подеднакво.
Без разлика дали се работи за конкретен ручек или за оброк кога сите јадете нешто „на брзина“, местото на електронските уреди не треба да биде на масата.
Секако, и во овој случај родителот ја има главната улога, затоа што во отсуство на „најдобриот другар“ (уредот) тој треба да обезбеди забава.
Читајте книги пред спиење
Наместо пред спиење времето да го поминувате со уреди, обидете се детето да го заинтересирате со приказна.
Можеби навистина ќе имате проблем на почетокот додека да го навикнете детето прво да ве слуша, а потоа и да се соживее со приказната, но и тука упорноста ќе се исплати.
Со тоа што ќе им го земете уредот, ќе им помогнете побрзо да заспијат и нема да се разбудат во лошо расположение следното утро.
Време за семејството
Изберете еден ден во неделата кога сите ќе заборавите на уредите и ќе правите нешто забавно.
Заедничките игри ќе бидат забавни за вашите деца, но ќе ви помогнат и вам да се „одлепите“ од екраните.
Запомнете – колку им е позабавно додека си играат со вас, толку помалку ќе бараат да им дадете уред.
Приспособете се на потребите на вашето дете
За крај, секако морате да водите сметка и за тоа што се случува со вашето дете. Дали неговото однесување се подобрува или се влошува?
Понекогаш може да биде проблем доколку наеднаш му го земете уредот.
Можеби би можеле да се договорите преку неделата да го остави уредот, но за време на викендот да му дадете дозвола да го користи подолго.
Секако, мора да се напомене дека треба да бидете упорни.
Навистина е тешко, затоа што целиот товар паѓа на вас. На моменти можеби и ќе се чувствувате дека морате постојано да бидете „роб“, но на крајот на краиштата сето тоа го правиме за доброто на нашите деца.
Б. С. Б. | Црнобело
фото: depositphotos.com