Писмо на една мајка до децата: „Ве сакам и кога не сте благодарни за храната и чепкате со виљушката“

„Знаете, еднаш мислев дека нема да ве имам. Еднаш се молев за вас, се прашував дали некогаш ќе ве имам. Вие сте ми најголемо задоволство дури и кога се чувствувам уморна, а не благословена“ – стои во писмото што оваа мајка го упатува до своите деца.

Pismo-na-edna-majka-do-decata-Vie-ste-mi-najgolemo-zadovosltvo-duri-i-koga-se-chuvstvuvam-umorna-a-ne-blagoslovena-01.jpg

Тешко е да се биде мајка на мали деца. Постојаниот замор и непроспиените ноќи се составен дел од животот на младите мајки. Но, и покрај сите неудобности не се каеме што сме ги избрале нашите деца – туку ги сакаме со сето срце.

Авторката Џес Мари објави емотивно писмо упатено до своите деца. Во краткото писмо таа појаснува зошто секогаш пред сè би ги избрала сопствените деца.

Проследете ги нејзините зборови во целост:

„Драги деца,

Ќе ве одберам вас дури и кога …

Дури и кога наутро сум нерасположена додека го пијам кафето и истовремено ставам јајца да се пржат во тавчето. Дури и кога не сте благодарни за храната и чепкате со виљушката и постојано поставувате прашања од типот: ’само ова ли ќе јадеме?‘ Дури и тогаш повеќе би сакала да бидам овде, нерасположена и да готвам за вас отколку каде било во светот.

Дури и кога доаѓате во мојот кревет навечер и очите ми се затвораат затоа што не можам да се движам и посакувам ба можев барем УШТЕ ЕДЕН ЧАС да одморам. Нема да го заменам овој живот за некој во којшто би била одморена и будна. Ниту за милиони години нема да го сменам.

Знаете, еднаш мислев дека нема да ве имам. Еднаш се молев за вас, се прашував дали некогаш ќе ве имам. Вие бевте посакувани и ве посакував со целото срце. Нема да ги сменам овие мигови на фрустрираност; нема да ги сменам овие мигови за ништо на целиот свет.

Да, понекогаш сум вознемирена. Да, понекогаш сум фрустрирана.

Понекогаш мислам дека би можела да го загубам разумот, но ќе ја соберам вашата долна облека и боичките уште милион пати, вие сте мојата љубов.

Вие сте ми најголемо задоволство дури и кога се чувствувам уморна, а не благословена.

На крајот на краиштата, додека ги гледам вашите преслатки и бесценети лица како спијат на перницата … Ова е најубавата авантура. Многу сум благодарна што сум тука со вас.

Би ве одбрала вас и би го одбрала овој живот уште милион пати, дури и кога сум уморна.

Секогаш и засекогаш јас сум ваша,

Ве сакам,

Мама“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg