Што се тантруми кај децата и 10 начини како да се изборите со нив

Во еден момент лицето на вашето 3-годишно детенце е ведро и насмеано, а веќе во следната минута лежи на под и неутешно плаче. Што се случува?

shto-se-tantrumi-i-10-nachini-kako-da-se-izborite-so-niv-01.jpg

Современиот збор за оваа состојба е тантрум.

Тантрумот може да се случи во секое време, на било кое место, но по некое непишано правило тоа е секогаш во најлошиот можен момент, на јавно место.

Пред да почне да ве совладува нервозата и хистеријата, мора да пробате да го најдете изворот на проблемот.

shto-se-tantrumi-i-10-nachini-kako-da-se-izborite-so-niv-03.jpg

Тим Селдин, претседател на Марија Монтесори фондацијата, вели дека треба да се фокусирате на две работи:

1. Детето е изморено, гладно или не се чувствува добро;

2. Детето проверува колку далеку може да оди, каде се границите и како ќе реагирате.

Очигледно е дека за првата варијанта има лесен „лек,“ додека за втората е потребен поинаков одговор.

shto-se-tantrumi-i-10-nachini-kako-da-se-izborite-so-niv-04.jpg

Ако детето вришти од причина која е апсурдна, ова се 10 прави до кои треба да се придржувате:

1. Не го решавајте проблемот пред публика. Однесете го детенцето некаде каде што ќе бидете сами.

2. Не го решавајте проблемот додека трае хистеријата. Пробајте да му го одвлечете вниамнието.

3. Ако горната тактика не успее, тогаш оддалечете се и пуштете го детето да ве бара. Освен, ако не е загрозено неговото здравје или безбедност.

shto-se-tantrumi-i-10-nachini-kako-da-se-izborite-so-niv-05.jpg

4. Зборувајте со смирен глас, но не ги менувајте правилата.

5. Не се служете со закани и казни, овие тактики само ја влошуваат емоционалната криза.

6. Не го исмевајте детето. Му давате лош пример.

shto-se-tantrumi-i-10-nachini-kako-da-se-izborite-so-niv-06.jpg

7. За превенција на ваквите „детски испади,“ секогаш најавувајте му на детето каде одите, што ќе правите и со кого ќе се видите и држете се до програмата, без промени во последен момент.

8. Креирајте ситуации во кои детето може да бира – дури и помеѓу две однапред одобрени играчки или менија за ручек.

shto-se-tantrumi-i-10-nachini-kako-da-se-izborite-so-niv-07.jpg

9. Истакнувајте ја неговата независност, поради тоа ќе се чувствува еднакво со вас.

10. Гласното „НЕ“ кажувајте го само кога е неопходно.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Трикови со кои полесно ќе го „преживеете“ одењето на фризер со дете Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони кад...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg