Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мајка споделува хорор искуство: „Ќерка ми ја земал непознат човек од градинка, не го познале од маската“

Сите родители знаат дека стравот за безбедноста на нашите деца е постојано присутен. Одиме на работа, ги оставаме во градинка, понекогаш и непотребно се чувствуваме виновни за тоа, но ниту една мајка не би сакала да го преживее хоророт што го преживеала оваа мајка од САД.

majka-spodeluva-horor-iskustvo-kjerka-mi-ja-zemal-nepoznat-chovek-od-gradinka-ne-go-poznale-od-maskata-01.jpg

Маските за лице веќе станаа секојдневие во нашите животи, а децата и најмалите веќе се навикнаа да не ги гледаат во целост лицата на луѓето околу нив.

Токму тие маски за лице го предизвикаа хоророт во кој се нашла оваа жена, а таа на социјалните мрежи упати апел до родителите да поразговараат со нивните деца за опасноста од разговорот со непознати луѓе (посебно во време кога сите носат маска).

Имено, Џеси Харис Бутон од Њујорк деновиве на нејзиниот Инстаграм профил објави кратка видео приказна за најстрашните 15 минути во нејзиниот живот.

Како што раскажува самата, таа била непријатно изненадена кога отишла во градинка да ја земе ќерката Лола, а негувателката ѝ рекла дека девојчето веќе го земал дедо ѝ (свекорот на Џеси).

„Денес кога отидов во градинката по Лола, негувателката ми рече дека дедо ѝ веќе ја земал. Ми беше чудно, не се договоривме ништо претходно“, пишува Џеси.

Понатаму, таа раскажува дека се обидувала да ја потпраша дополнително негувателката и дознала дека Лола (девојчето) не било расположено да си оди со непознатиот човек, ама тоа во градинката го разбрале сосема поинаку: мислеле дека девојчето е тажно затоа што мајка ѝ не дошла да ја земе.

Џеси веднаш заминала дома, надевајќи се дека таму ќе го најде детето, но дома немало никој. Веднаш почнала да се јавува по телефон кај другите членови во семејството за да види дали девојчето е кај некој од нив, но никој немал никаква информација.

Таа повторно се вратила во градинката каде за среќа веднаш го нашла девојчето. Учителката по грешка ја дала Лола на друг дедо што редовно си ја земал внуката, а оправдувањето било дека дошло до забуна поради маската на лице.

Да, чудно е што човекот не забележал дека тоа не е неговата внука. Да, чудно е што градинката нема воспоставена политика да се осигура дека таква грешка нема да се случи.

Но, најмногу од сè сакам да ви нагласам дека е потребно да разговарате со вашите деца за опасноста од непознати луѓе со маски, пишува Џеси.

Таа во овој контекст не ги обвинува вработените во градинката, но упатува апел дека треба да ги научиме децата дека треба да побараат од возрасните луѓе да им ги видат лицата доколку не се сигурни дека го познаваат човекот.

Да ги научат дека и возрасните може некогаш да згрешат и дека ако сметаат оти нешто не е во ред, тоа треба да го кажат.

За крај, таа нагласува дека за жал, вакви нешта се случуваат секојдневно, а некои луѓе немаат толкава среќа да го добијат своето дете назад.

Како и да е, од оваа приказна можеме и ние да научиме многу како родители.

Понекогаш не сме ниту свесни како нашите деца ги доживуваат промените во општественото живеење поради пандемијата, а дека самото тоа со себе носи други опасности.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Мајка од Велика Британија се жали: „Не е до децата, туку е до товарот да се излезе на крај со сите о... „Не е до децата... До притисокот да се одржи домаќинството е. Да се пронајде бал...
„Првото дете го родив на 42, а второто на 44 години – ме осудуваат, но не жалам што сум постара мајк... „Тоа што сум постара мајка ме направи подобар родител. Со сопругот имаме финанси...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg