Сингл маж, кој сакал да биде татко, посвоил детенце оставено во болница
„Ако треба да ја опишам Миа со два збора тоа ќе бидат – отпорна и моќна“, вели Пабло за малата Миа која му го променила животот на подобро и без која не може да си го замисли секојдневието.
Пабло Фрачиа од Буенос Аирес отсекогаш сакал да стане татко, а во 2017 година се пријавил за посвојување на дете.
По 2 години чекање, во 2019 година Пабло добил повик дека мало девојче со здравствени проблеми живее само во болница.
Малата Миа тогаш имала една година и имала гастроинтестинална состојба која барала сериозна здравствена нега.
Нејзиното биолошко семејство не можело да ѝ ги плаќа лекарските прегледи и одлучиле да дозволат да ја посвои некој што ќе може да ѝ даде подобра нега.
По повикот, Пабло веднаш отишол да се запознае со Миа. Ја засакал на прв поглед и сега не може да си го замисли секојдневието без неа.
„Ако треба да ја опишам Миа со два збора тоа ќе бидат – отпорна и моќна“, изјави Пабло кој вели дека ѝ се воодушевува на Миа како се справила со здравствените предизвици на најмала возраст и додава дека таа денес е 100% здраво дете.
Фотки од Пабло и Миа:
С. С. | Црнобело