„Се каев што станав мајка, не почувствував неверојатна љубов за моето бебе како што ми опишуваа“

По многу бессони ноќи Емили била истоштена од справувањето со родителските обврски. „Тој заслужуваше да гледа насмеани лица околу себе, а јас плачев постојано. Едвај се собирав, но знаев дека не можам уште долго“, отворено раскажува Емили.

se-kaam-shto-stanav-majka-ne-pochuvstvuvav-neverojatna-ljubov-za-moeto-bebe-kako-shto-mi-opishuvaa-01.jpg

Секогаш се говори за блескавата страна на мајчинството, но што е со оние жени кои не ја почувствувале неверојатната љубов што ја очекувале кон своето дете, се говори ли доволно за жените кои страдаат од постнатална депресија? Низ што минуваат тие? Какви чувства им тежат на градите? И колку време им треба за да ја надминат кризата и конечно да ја почувствуваат добрата страна на мајчинството?

За жал, колку и да звучи неверојатно и за некого сурово, тоа е реална состојба и постојат мајки кои се борат со чувства за кои ниту една мајка не сака да признае - дали направила грешка што одлучила да стане мајка? 

Бристолијан Емили (38) e една од мајките кои се соочиле со постнатална депресија по раѓањето на нејзиниот син Робин. Таа за магазинот TheSun ја раскажува својата приказна.

„Јас се борев со недостигот од сон и тој навистина беше слатко бебе, но чувствував дека не го сакам толку колку што треба. Ако знаев колку тешко ќе биде, не сум сигурна дека би се одлучила да имам бебе“, открива Емили.

Многу жени се соочуваат со постанатална депресија и се чувствуваат дисконектирано од своето новороденче. Оние кои почувствувале дури каење за потегот да станат родители, како Емили, може долгорочно да се справуваат со овие негативни емоции.

Каењето за одлуката да се има дете може да влијае негативно врз сите аспекти на животот и кај мајката да предизвика таква бура од емоции што може да ги стави во криза дури и нејзиниот брак, кариера итн.

Но, не треба да се очајува, оваа состојба може да се надмине доколку побарате соодветна помош. 

se-kaam-shto-stanav-majka-ne-pochuvstvuvav-neverojatna-ljubov-za-moeto-bebe-kako-shto-mi-opishuvaa-02.jpg

Ова е табу тема, но постои Фејсбук група каде родители дискутираат и споделуваат искуства на оваа тема.

Психологот Наташа Тивари, која обезбедува поддршка за овие семејства вели: „Искусувањето каење кај жените за одлуката да се стане мајка е многу почеста од што мислите. Но, проблемот е што поголемиот дел од нив нема да најдат некој со кој ќе чувствуваат дека е безбедно за да зборуваат за нивните емоции. Каењето за ова е долг и болен процес за живот кој не е проживеан доволно.“

Емили, која е администратор на универзитет, никогаш не сакала деца и жали што кога имала 34 години се согласила да се обиде со сопругот Ден затоа што тој сакал семејство.

„Чувствував дека сме среќни така како што сме. Но, тој го смени мислењето и јас се согласив на тоа што го сака. Бев несигурна, но откако решивме да се обидеме бев многу возбудена. Правеше да се чувствувам специјално тоа што тој сака бебе со мене“.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg