Баба ми и дедо ми беа неразделни, а откако таа нѐ напушти, тој почина од тага по неа

Баба ми и дедо ми беа луѓе од „стар ков“. Мирни, фини, домаќини луѓе, луѓе кои умееја да штедат. Луѓе кои од практично ништо направија нешто. И ако нешто ми останало во убаво сеќавање покрај многуте драги спомени, беше начинот на кој се однесуваа еден кон друг.

Baba-mi-i-dedo-mi-bea-nerazdelni-01.jpgфото: pixabay.com

Тие си разговараа. Се смееја. Си споделуваа тајни. Се советуваа. Си помагаа еден на друг. Се почитуваа. И едниот и другиот беше подготвен за компромис, да попушти тогаш кога кавгата се движеше кон точката на кулминација. И речиси секаде одеа заедно.

Баба ми почина прва после краткотрајно боледување. Дедо ми беше неутешен, расплакан како мало дете. „Си замина, ете, си замина. Ме остави сам. А за каде е сега човек, сам на светот?“

За него таа беше целиот негов свет. И по само неколку месеци и тој нè напушти. Тогаш сфатив што сакаа да кажат другите кога велеа дека некои луѓе се толку приврзани еден кон друг, што умираат од тага по нив. Тоа се случи токму со нив.

Лесно е да си со некој во убавото. Остани со него да те видам кога ќе дојде грдото. Остани покрај некој кога ќе се појават проблемите. Кога ќе снема пари. Кога некој ќе се разболи. Кога нечие тело ќе се изобличи, ќе остари, ќе свисне.

Баба ми и дедо ми ги поминаа сите премрежија, подеми и падови. И останаа еден покрај друг до последниот здив. Каде и да се, се надевам дека им е светло на патот и дека се заедно.

Кога понекогаш се прашуваме меѓусебно дали љубовта може да трае вечно, современото време денес ме тера да се замислам.

А кога ќе помислам на баба ми и дедо ми, ми се разлева насмевка и некоја топлина ми ја грее душата. Само тогаш можам да одговорам – да, љубовта понекогаш може да трае вечно.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Го најдов тајниот дневник на баба ми по нејзината смрт, ме расплакаа работите што ги напишала за ме... „Од денес јас и ти имаме тајна. Сосема сама направи шест чекори. Не можеме да им...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg