Како да препознаете доцнење во говорот кај вашето дете?
Јазично одложување е кога детето има потешкотија во разбирањето и/или користењето на вербалниот говор. Отстапувањата не соодветствуваат на возраста на детето и може да се сретнат во повеќе облици.
фото: depositphotos.com
Одредени говорно-јазични отстапувања се поврзани и со други состојби, како што е Down-синдромот, аутистичниот спектар, глувост и слушни оштетувања.
Кога да побарате помош?
Секое дете различно го развива својот говор и јазик. Споредувањето на Вашето дете со други деца, нема да Ви даде точна слика за она што недостига или претставува потешкотија за детето.
Најдобриот чекор кој може да го направите е да побарате професионална поддршка доколку голем дел од долунаведените знаци се присутни кај Вашето дете.
На 12 месеци
- Детето не се обидува да користи звуци, гестови или било каков говор кога сака нешто или му е потребна помош.
На 2 години
- Нема фонд на зборови од околу 50-ина зборови, кои ги комбинира во кратки реченици на пр. "Дај мама".
- Не користи спонтан говор туку само ги имитира туѓите и фрази, зборови, се чини дека не разбира што му зборувате.
- Голем дел од дечињата на оваа возраст се соочуваат со потешкотии во развојот на говорот, без при тоа да имаат и други симптоми кои укажуваат на некоја друга состојба.
На 3 години
- Не ги комбинира зборовите во подолги фрази или реченици. На пр.: "Сакам да пијам вода".
- Се чини дека не разбира покомплицирани налози. Како на пр." Оди облечи ги чевлите и донеси ми ја јакната".
- Не поставува прашања.
- Не покажува интерес за игри, читање книги итн.
Важно е да се препознаат одложувањата навремено, и секогаш кога ќе забележите некое отстапување од очекуваното, побарајте стручна помош.
Бројни совети за говорна стимулација може да најдете на Инстаграм профилот на логопедскиот кабинет Среќичка.
Доколку имате прашања и предлози за тема на разговор со логопедот Симона В. Николовска, испратете ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Прочитајте и: „Моето дете има две години и сè уште не зборува“ - на прашање од родители одговара логопед Симона В. Николовска
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон