Како играњето со песок помага во развојот на детето?

Децата најмногу учат низ игра, па ова правило важи и за валкањето во песок.

kako-igranjeto-so-pesok-pomaga-vo-razvojot-na-deteto01.jpg

Разните облици од песок, па дури и самото поминување на малите зрна низ прстите на детенцето може да имаат позитивни последици врз детскиот развој.

1. Развој на моторичките вештини

Играјќи со песок, детето работи на својата контрола и силата на мускулите, посебно кога обликува „колачиња“ или полни калапи. Токму тогаш учи како да ја поврзе работата на прстите со работата на очите.

2. Развој на креативноста и фантазијата

Децата се создавачи по природа, без разлика дали ќе им дадете вода, песок или хартија. Па, кога детето ќе нурне во песокот, во создавањето на неговиот свет, само небото е граница.

3. Учење за поимот волумен

Волуменот е еден од првите математички концепти со кои се среќаваат децата, а тоа посебно добро може да се научи низ играта со песок. Самото префрлање на песокот од еден во друг сад ќе му помогне на детето да го разбере концептот за волумен.

kako-igranjeto-so-pesok-pomaga-vo-razvojot-na-deteto02.jpg

4. Развој на јазични и социјални вештини

Песокот може да биде провокација за многу соработки или расправи, за тоа што и како да се направи со него, односно на детето тогаш му се дава способност само да се докаже колку е вербално или социјално подготвено.

5. Намалување на пречките кај децата со ADHD

Игрите со песок се препорачуваат на дечињата со хиперактивност и намалено внимание. Посебно им одговара чувствувањето на песокот низ нивните прсти, како и доживувањето на неговата текстура.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg