Исповед на маж: „Со сопругата се обидувавме да направиме бебе 4 години безуспешно“

„Додека мојата сопруга лежеше гола од струкот надолу на креветот и ја притискаше перницата од болка додека огромна игла се забиваше во нејзиниот задник, таа не беше единствената што е во солзи...“

so-soprugata-se-obiduvavme-da-napravime-bebe-4-godini-bezuspeshno-01.jpg

Нил Салва, Индиец кој живее во Велика Британија, заедно со својата сопруга веќе со години се бори да добие потомство.

so-soprugata-se-obiduvavme-da-napravime-bebe-4-godini-bezuspeshno-02.jpg

Тој отворено говори за борбата со стерилитетот и како мажите го доживуваат целиот овој процес:

„Додека мојата сопруга лежеше гола од струкот надолу на креветот и ја притискаше перницата од болка додека огромна игла се забиваше во нејзиниот задник, таа не беше единствената што е во солзи.

Да, јас не чувствував физичка болка за време на процесот на асистирано оплодување, но и тоа како почувствував емоционална.

Едноставно не можете да се чувствувате добро кога ја гледате својата сопруга како прима милион лекарства, ја боцкаат со игли и милион други работи.

Ја држев за рака додека плачеше со скршено срце поради стерилитетот.

Ние се обидувавме да направиме бебе 4 години безуспешно.

so-soprugata-se-obiduvavme-da-napravime-bebe-4-godini-bezuspeshno-04.jpg

Во Велика Британија еден од седум парови се соочува со ваква ситуација, а 7 од 10 мажи признаваат дека третманите за асистирано оплодување имаат негативни ефекти врз нив.

Зборувам за случаите кога станува збор за женска неплодност, со каква се соочуваме ние. Машката неплодност е нешто сосема друго.

Во целиот тој процес на вадење на јајце клетки, примање хормони, трансфери итн. ние мажите се чувствуваме виновно и бескорисно додека набљудуваме како нашата партнерка страда.

Речиси никој мене не ме прашува како се чувствувам, но како што и мојата сопруга очајно сонува да стане мајка, така и јас очајно сонувам да станам татко. Емпатијата е насочена директно кон неа, а за мене сите претпоставуваат дека сум во ред.

Но, вистината е дека не сум. Како можам да бидам?

so-soprugata-se-obiduvavme-da-napravime-bebe-4-godini-bezuspeshno-03.jpg

Досега имавме 4 неуспешни обиди за асистирано оплодување на 3 клиники. Сега, сите мои надежи се во еден единствен смрзнат ембрион кој треба наскоро да биде имплантиран.

Овој процес е емоционален ролеркостер. Јас како автоматски да ја преземав улогата на силен сопруг кој е поддршка и како да не си дозволив себеси да чувствувам ништо. Но, сфатив дека како да се затворам и исклучувам од сѐ, па затоа почнав отворено да говорам на темата.

Престанав да ги потиснувам емоциите и да си креирам психолошка штета и анксиозност. Полека се ослободувам од демоните во мене, иако во денешново општество е навистина тешко маж да се отвори за своите стравови.

Тешко е да ја признаеш болката кога со партнерката минуваш нив ваков процес, но јас говорам отворено за да ги охрабрам и другите мажи во ваква ситуација да не ги кријат емоциите.“

С. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
Искрена исповед на мајка: „Тешко ми е летниот период со бебе, кога не можам да излезам надвор“ Кои се вашите размислувања? Дали сметате дека повеќето мајки се&n...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg