Заедно се бањаат, добиваат што ќе посакаат: Како Гвинет Палтроу ги воспитува децата од Крис Мартин?

Холивудската глумица и пејачот денес се родители на тинејџери. Откако парот се разведе, славната мајка следи одредени правила за нивно одгледување, кои се изненадувачки за многумина.

zaedno-se-banjaat-dobivaat-shto-kje-posakaat-kako-gvinet-paltrou-gi-vospituva-decata-od-kris-martin-1.png

Љубовта меѓу Гвинет Палтроу и Крис Мартин се роди на концерт во 2002 година на бендот Coldplay, чијшто фронтмен е познатиот изведувач. Се венчаа година дена подоцна. Ќерќата Епл и синот Мозес пристигнаа на свет во 2004, односно 2006 година.

zaedno-se-banjaat-dobivaat-shto-kje-posakaat-kako-gvinet-paltrou-gi-vospituva-decata-od-kris-martin-2.jpg

По долги години поминати во брак, ѕвездите ја навестија разделбата во 2014, а разводот им беше финализиран во 2016 година. Глумицата лани се премажи за колегата Бред Фалчук.

zaedno-se-banjaat-dobivaat-shto-kje-posakaat-kako-gvinet-paltrou-gi-vospituva-decata-od-kris-martin-3.jpg

На медениот месец ги придружуваа не само децата, туку и нејзиниот поранешен сопруг. Колку и да звучи чудно, ова е една од нетипичните родителски методи кои ги применуваат.

zaedno-se-banjaat-dobivaat-shto-kje-posakaat-kako-gvinet-paltrou-gi-vospituva-decata-od-kris-martin-4.jpg

Еве како Гвинет Палтроу ги воспитува децата од Крис Мартин:

1. Се бања со синот и ќерката.

Мноштво родители им дозволуваат на своите деца да се капат заедно кога се малечки. Понекогаш може да им се придружат и мама или тато во кадата.

Но, глумицата шокираше многумина, кога во 2011 година призна дека таа и нејзините деца уште се бањаат заедно. Во тоа време ќерката имаше седум, додека синот пет години.

„Сите заедно влегуваме во кадата.“, гласеа тогаш зборовите на Гвинет Палтроу. А, сега кога се веќе тинејџери, ваквата традиција дефинитивно не треба да продолжува.

zaedno-se-banjaat-dobivaat-shto-kje-posakaat-kako-gvinet-paltrou-gi-vospituva-decata-od-kris-martin-5.jpg

2. Никогаш не им вели „не“.

Бидејќи нивните деца растат под лупа на јавноста, повеќето фанови на Гвинет Палтроу и Крис Мартин претпоставуваат дека тие не би сакале наследниците да им станат претерано разгалени.

Меѓутоа, се чини дека изгледа глумицата е прилично релаксирана во родителскиот пристап. Во една прилика има изјавено дека не верува во кажувањето „не“ на синот и ќерката.

Славната мајка истакна дека според нејзината филозофија, ним ништо не треба да им биде забрането, дури и ако знае дека не е добро. Што и да посакаат, тоа го добиваат.“

zaedno-se-banjaat-dobivaat-shto-kje-posakaat-kako-gvinet-paltrou-gi-vospituva-decata-od-kris-martin-6.jpg

3. Им дозволува да не одат на часови.

Повеќето родители се строги кога е во прашање образованието на своите деца. Очекуваат од нив да присуствуваат на сите часови и да си ги завршуваат домашните задачи.

Гвинет Палтроу, од друга страна, не им врши притисок на синот и ќерката да бидат редовни на улилиште. Напротив. Некогаш и самата ги задржува дома, особено ако смета дека не поминала доволно време со нив.

Во 2011 година, глумицата откри дека им дозволува на децата да не одат на часови. „Веројатно ќе ги избркаат од училиште поради ова што го кажувам. Вчера на ќерка ми ѝ допуштив да остане дома. Едноставно имав потреба да бидам со неа. Отидовме на ручек и во салон за убавина. Бевме заедно.“

zaedno-se-banjaat-dobivaat-shto-kje-posakaat-kako-gvinet-paltrou-gi-vospituva-decata-od-kris-martin-7.jpg

4. Вежба додека децата се на училиште.

Со обврските кои ѝ ги наметнува актерската кариера и одговорностите како мајка на две деца, никој не би ја обвинил глумицата ако има потешкотии да најде време за фитнес.

Сепак, ѕвездата води голема грижа за своето здравје, па сподели дека успева да остане во топ форма, благодарение на тренирањето додека нејзините деца се на училиште.

„Ги оставам на училиште, па вежбам и после одам на работа. Сакам да се чувствувам добро и знам дека се чувствувам најдобро кога вежбам. Ама зависи од денот – дефинитивно не сум секогаш расположена да го правам тоа.“, призна Гвинет Палтроу во 2017 година.

zaedno-se-banjaat-dobivaat-shto-kje-posakaat-kako-gvinet-paltrou-gi-vospituva-decata-od-kris-martin-8.jpg

5. Одат на одмори со поранешниот сопруг.

Кога глумицата и пејачот ѝ соопштија на јавноста дека се разделуваат како пријатели, очигледно и го мислеле тоа. Поранешните сопружници се неверојатно сложни како родители.

Гвинет Палтроу и Крис Мартин одат заедно на одмор со двете деца, а од понов датум им се придружува и нејзиниот сегашен сопруг. Бившиот, пак, нив ги почести со своето присуство на медениот месец.

Како што претходно напоменавме, фронтменот на Колдплеј им се приклучи на брачното патување на Малдивите. „Имавме еден голем семеен меден месец за Божиќ“, беше одговорот на ѕвездата за ваквото необично патешествие.

zaedno-se-banjaat-dobivaat-shto-kje-posakaat-kako-gvinet-paltrou-gi-vospituva-decata-od-kris-martin-9.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
На 40 години конечно сфатив - мама беше во право! На секој мој несмасен обид да се вратам во времето и да поправам сè, мајка ми се...
Мајка стана мета на критики: „Моите деца минуваат и 10 часа дневно пред екран – како да имаме беспла... Мајка од Англија се соочи со критики, откако откри дека им дозволува на децата д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg