Заедно се бањаат, добиваат што ќе посакаат: Како Гвинет Палтроу ги воспитува децата од Крис Мартин?

6. Татко им преспива во нејзиниот дом.

Во 2016 година, Гвинет Палтроу одново ги изненади фановите, признавајќи дека иако се разделени, со поранешниот сопруг честопати преноќуваат по ист покрив.

„Не живееме заедно, но тој е и повеќе од добредојден да биде со нас кога ќе посака. И обратно. Јас исто така преспивам во неговата куќа во Малибу.“

Глумицата истакна дека Крис Мартин го доживува како „брат“, па уште повеќе ги подгреа шпекулациите во јавноста за преблискиот однос што го имаат.

zaedno-se-banjaat-dobivaat-shto-kje-posakaat-kako-gvinet-paltrou-gi-vospituva-decata-od-kris-martin-10.jpg

7. Децата се принудени да имаат хоби.

Иако глумицата е релаксирана кога се работи за формалното образование на синот и ќерката, постојат одредени нешта за кои сепак ги форсира.

Во 2011 година, славната мајка се отвори дека ги притиска децата да се занимаваат со активности надвор од училиштите, дури и кога тие немаат желба.

„Моментално водам битка со ќерка ми, затоа што не сака да оди на гимнастика. Кога ќе почне да плаче, ми доаѓа да попуштам. Но, се разбира дека не можам.“, децидна е Гвинет Палтроу.

zaedno-se-banjaat-dobivaat-shto-kje-posakaat-kako-gvinet-paltrou-gi-vospituva-decata-od-kris-martin-11.jpg

8. Дадилката им е воедно учителка.

При изборот на жена што ќе ги чува малечките, глумицата имаше мошне строги критериуми. Очекуваше да биде билингвална, за да може да ги научи нов јазик.

А, потоа додаде дека освен говорењето странски јазици, дадилката мора да има класично образование, да свири барем два музички инструменти, како и да биде добра во тенис и пловење.

Гвинет Палтроу очигледно им бараше учителка, која ќе компензира за нивните неправдани отсуства од училиште.

zaedno-se-banjaat-dobivaat-shto-kje-posakaat-kako-gvinet-paltrou-gi-vospituva-decata-od-kris-martin-12.jpg

9.Тие не јадат храна со глутен.

Гвинет Палтроу е константно присутна во медиумите со контроверзните мислења за здравјето и исхранатa. Не е изненадување што е особено пребирлива за намирниците кои нејзините деца ќе внесат во своите тела.

Всушност, славната мајка има најстроги правила исклучиво на оваа тема. Во домот на глумицата се комплетно забранети продуктите со глутен.

„Сите можни нутриционисти, доктори или личности што се освестени за здравјето кои ги имам сретнато, согласни се дека глутенот е тежок за организмот. Многумина од нас во најдобар случај не се толерантни, а во најлош се алергични на него.“

zaedno-se-banjaat-dobivaat-shto-kje-posakaat-kako-gvinet-paltrou-gi-vospituva-decata-od-kris-martin-13.jpg

10. Им се извинува за грешките.

Глумицата повеќепати има нагласено дека добрата комуникација со децата е од есенцијална важност. Затоа ужива да ги опсипува со љубов синот и ќерката.

Гвинет Палтроу додава и дека никогаш не се колеба да им се извини на двајцата пред спиење, доколку почувствува дека нешто сторила погрешно во текот на денот.

„Понекогаш сум незрела и се губам на моменти. Ама, кога со посебен тон во гласот ќе им го искажам моето каење, осеќам дека целото нивно тело се опушта.“

zaedno-se-banjaat-dobivaat-shto-kje-posakaat-kako-gvinet-paltrou-gi-vospituva-decata-od-kris-martin-14.png

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Мајка стана мета на критики: „Моите деца минуваат и 10 часа дневно пред екран – како да имаме беспла... Мајка од Англија се соочи со критики, откако откри дека им дозволува на децата д...
На 40 години конечно сфатив - мама беше во право! На секој мој несмасен обид да се вратам во времето и да поправам сè, мајка ми се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg