5 грешки во односот кон повозрасните родители со кои заборавате дека ги повредувате

Што и да се случи, колку години и да поминат, родителите секогаш треба да ни бидат на прво место.

5-greshki-vo-odnosot-kon-povozrasnite-roditeli-so-koi-zaboravate-deka-gi-povreduvate-01.jpg

Но, што ако, со текот на времето и годините, улогите почнат да се менуваат? Како треба да се однесувате за да не ги навредите и повредите повозрасните луѓе?

Со стареењето, луѓето се менуваат, па многу често некои карактеристики на повозрасните родители им одат на нерви на децата и роднините.

Сепак, треба да бидете внимателни и да бирате зборови и постапки, бидејќи вие сте им сè на нив, а многу работи кои несвесно ги правите, им предизвикуваат болка.

Се надеваме дека не ги правите овие грешки, но за секој случај, потсетете се кои работи ги повредуваат повозрасните родители:

Постојано ги оптоварувате и загрижувате со вашите проблеми

Тие не ве родиле за да бидете несреќни, бидејќи така и тие се несреќни, па имајте обѕир и некогаш раскажете им и нешто убаво што ќе ги усреќи.

5-greshki-vo-odnosot-kon-povozrasnite-roditeli-so-koi-zaboravate-deka-gi-povreduvate-02.jpg

Одбивате да се грижите за нив и не им обрнувате внимание

Запомнете колку тие се грижеле за вас кога ви било тоа потребно и како никогаш не ве оставиле сами во ниту еден момент.

Дури и да не ви кажат, не заборавајте дека им е потребна грижа и сакаат да поминуваат време со вас и најблиските, посебно не ги оттргнувајте внучињата од нив.

5-greshki-vo-odnosot-kon-povozrasnite-roditeli-so-koi-zaboravate-deka-gi-povreduvate-03.jpg

Се обидувате да ги промените

Запомнете една работа – не можете да ги убедите во нешто и да им го промените мислењето, посебно кога се повозрасни.

Можете да се налутите, но не и да ги натерате да живеат како што вие мислите дека треба, бидејќи вашата тврдоглавост може да ви го уништи односот.

Бидете пофлексибилни – ако вашата мајка не сака да научи да користи апарат за кафе, туку сака сама да си прави – не е ваш проблем, сè додека не ѝ штети нештото на здравјето.

5-greshki-vo-odnosot-kon-povozrasnite-roditeli-so-koi-zaboravate-deka-gi-povreduvate-04.jpg

Ги исклучувате повозрасните членов од семејството од важните дебати и проблеми

Иако мислите дека тие немаат право на збор во вашите проблеми, понекогаш нивното искуство може многу да ви помогне, а не е фер да ги исклучувате од дебатите само затоа што мислите дека се стари.

И тие заслужуваат место во вашиот живот и збор за важните семејни одлуки, бидејќи кога ги изоставувате, тие се чувствуваат осамено и безвредно.

5-greshki-vo-odnosot-kon-povozrasnite-roditeli-so-koi-zaboravate-deka-gi-povreduvate-05.jpg

Им се лутите и им викате

Иако понекогаш несвесно, сепак често се случува да им се развикате на родителите и да ги искарате за нешто.

И, можеби некогаш сте во право, но секогаш има подобар начин како да го направите тоа, бидејќи тие не ве чувале за да им викате и да ги омаловажувате.

Зборувајте убаво со нив и обидете се најубаво да им објасните што имате да кажете, доколку нешто заборават, потсетувајте ги, не ги карајте.

Поминувајте што е можно повеќе убави и среќни моменти со нив, бидејќи тоа ги прави безбедни и исполнети.

5-greshki-vo-odnosot-kon-povozrasnite-roditeli-so-koi-zaboravate-deka-gi-povreduvate-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не си верувате себеси, бегате од одговорност – Знаци дека родителите премногу ве штителе во детствот... Ако мразите да бидете во центарот на вниманието, ако секогаш дозволувате другите...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...
9 типа на однесување на родителите, што им се враќаат како бумеранг (низ илустрации) Ги издавате тајните на детето пред сите или го карате кога ќе ви се довери. Му в...
7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
„Моите синови 1 месец беа без ТВ, таблети и телефони – Какви промени забележав кај нив?“ „Животот ни стана многу полесен како родители“ – вели овој татко од САД, кој одл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg