6 работи на кои треба да обрнете внимание ако првпат патувате со бебе
Планирате да патувате некаде, но овојпат со еден член плус? Тогаш сигурно ве мачат прашања од типот: како бебето ќе реагира на патувањето, дали воопшто е можно да се патува со мало бебе, дали и колку е опасно да тргнете на подолг пат со мало дете...
Ако првпат патувате со вашето бебе, нормално е да имате многу прашања и грижи.
Најпрво, морате да имате на ум дека со бебето нема да можете да се одморите како кога би оделе сами, но во секој случај ќе ви биде интересно да уживате во реакциите на вашето малечко поврзани со нови луѓе, места и активности.
Подгответе се добро, направете список со задолжителните работи кои мора да ги понесете и да внимавате нешто да не заборавите.
6 важни работи на кои треба да обрнете внимание:
Количка
Кога одите на патување, имајте на ум дека таа ви е буквално сѐ, од столче до кревет и место каде што ќе ги ставите сите работи кои ви се потребни додека шетате низ градот.
Количката ќе ви врши голема работа особено ако хотелот каде што сте сместени не може да ви обезбеди детски кревет за вашето бебе.
Пелени и влажни марамчиња
Потрудете се секогаш да имате доволно пелени и влажни марамчиња со вас. Многумина сметаат дека е паметно да понесат помалку работи со себе, а тука спаѓаат и пелените, затоа што можат да ги купат каде било и да одат.
Тоа е точно, но подобро е да однесете приближно пелени доволни за определен број на денови и да се вратите дома со полупразен куфер, отколку да се грижите каде и по која цена ќе ги купите.
Исто така, влажните марамчиња ќе ви се најдат во секој момент од патувањето - од валкање на рацете со нешто, до чистење на бебето при менување пелени.
Вода
Секогаш имајте шише со вода и внимавајте бебето да не дехидрира, особено ако патувате во летниот период.
Завеса за прозорците од автомобилот
Доколку патувате со автомобил, задолжително обезбедете завеса која ќе ја закачите на прозорците со цел на вашето бебе да не му смета Сонцето.
Доколку сте тргнале на пат, а притоа сте заборавиле да купите завеса или да ја понесете, тогаш можете како замена да се послужите со некој потемен пешкир кој ќе го прикачите на прозорецот од автомобилот.
Адаптирајте го распоредот на шетање според новиот член на семејството
Можеби порано кога сте оделе сами на патување, сте биле во состојба да шетате низ градот од осум наутро па сѐ до доцните вечерни саати.
Но, со доаѓањето на новиот член во семејството, и вашите планови се променуваат, така што нема да можете да бидете активни како претходно.
Бебето дополнително ќе ве заморува, а некои работи, како посета на музеи, нема да бидат возможни.
Бидете флексибилни
Можно е повеќепати во текот на патувањето да го промените планот на патување, затоа бидете спремни на промени и подгответе се што полесно да ги прифатите и да се адаптирате на истите.
Овојпат вашето бебе е главно, а неговите потреби се приоритет на вашето патување.
М. П. | Црнобело