5 грешки кои не треба да ги правите со свекрвата

Без разлика на стереотипизирањето на свекрвите, тие се пред сè жени и мајки, но и дел од вашиот живот, откако сте решиле да стапите во брак со нејзиниот син.

shto-i-da-pravite-nekoi-greshki-so-svekrvata-mora-da-gi-izbegnete-01.jpg

Постојат свекрви кои се полни со љубов и разбирање за семејството на своите синови, а во помал број постојат и оние како што ги гледаме на филмови.

Сепак, навикнете се дека секој следен Божиќ, Нова година или каква и да е семејна пригода ја вклучува и нејзе.

За да придонесете да имате што поквалитетен однос, следниве грешки треба да ги избегнете во широк радиус:

1. Не ја третирајте како вишок кој вознемирува

Однесувајте се со нејзе како и со секој нов дојденец во друштвото или нов колега на работа. Немојте да се однесувате со одбивност, кога сè уште немате воспоставено никаков однос.

shto-i-da-pravite-nekoi-greshki-so-svekrvata-mora-da-gi-izbegnete-02.jpg

2. Внимавајте на фотографиите

Нормално е дома да имате фотографии со сопругот и децата, но ако имате и со други членови од семејството, не ја изоставајте нејзе. Доволна е само една фотографија на ѕидовите или во рамка на која ја има и нејзе, за односот да биде што поприфатлив.

3. Прифатете дека двете немате исти намери една кон друга

Можеби вие сте отворени за зближување, но таа не сака да чуе, или пак е обратно. Во никој случај не носете заклучоци пред време и оставете простор за корекција од двете страни.

shto-i-da-pravite-nekoi-greshki-so-svekrvata-mora-da-gi-izbegnete-03.jpg

4. Оставете ја да има свои моменти

Без разлика дали се работи за начинот на готвење или пак, уредување во домот, не го претворајте тоа во натпревар. Некогаш дури и пофалете ја, дури и кога тоа не го мислите најискрено и оставете ја да „сјае на сцената“.

5. Не пресудувајте дека нејзиниот начин е погрешен

Секоја страна држи до своите ставови и само затоа што не ви се исти, не значи дека се неправилни. Едноставно, се работи за различна перцепција.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg