Немаат пријатели, шетаат боси по улица: Како живеат децата на Анџелина Џоли и Бред Пит?

Актерката и светска хуманитарка ги полни насловните страници изминатите години, како со неконвенционалниот животен стил, така и со бизарните родителски пракси.

nemaat-prijateli-shetaat-bosi-po-ulica-kako-zhiveat-decata-na-andjelina-djoli-i-bred-pit-1.png

Со поранешниот сопруг станаа родители на шест деца за релативно краток временски период. Дел од нив им е се биолошки наследници, додека другите се посвоени.

Убавата Анџелина Џоли (43) го посвои синот Медокс (17) додека беше во брак со Били Боб Торнтон. Потоа во нејзиниот живот пристигна и ќерката Захара (13).

Ќерката Шајло (12), и близнаците Вивиен и Нокс (10) се плод на љубовта со холивудскиот актер Бред Пит (54). Последното дете што стана дел од семејството на двојката е синот Пакс (14).

nemaat-prijateli-shetaat-bosi-po-ulica-kako-zhiveat-decata-na-andjelina-djoli-i-bred-pit-2.jpg

Откако нивните родители се разделија пред две години, многумина стравуваа за влијанието што скандалозниот и мачен развод на ѕвездите ќе го остави врз шесторката.

Меѓутоа, се чини дека проблемите во рајот постоеле уште од многу порано. Тие водат хаотично детство од поодамна, делумно поради различните ставови на Бред и Анџелина околу обврските и правилата според кои треба да се раководат како родители.

Глумицата отсекогаш имала проблем да воспостави ред и дисциплина во домот, а сега кога партнерот не живее под ист покрив, тие се дополнително нагласени.

nemaat-prijateli-shetaat-bosi-po-ulica-kako-zhiveat-decata-na-andjelina-djoli-i-bred-pit-3.jpg

Вака живеат децата на Анџелина Џоли и Бред Пит:

1. Хигиената не е задолжителна.

Кога Бред Пит и Анџелина Џоли ќе зачекорат на црвениот тепих, тие секогаш изгледаат прекрасно и совршено. Од друга страна, наспроти природната убавина што неспорно ја поседуваат, нивните деца неретко делуваат неуредно и несредено.

Како основна причина се наведува фактот што Анџелина од никогаш не водела претерана грижа за хигиенските навики на шесте наследници. Не ги форсира да ги мијат забите, ниту пак валканите раце пред оброците. Напротив.

Личната хигиена им ја препушта на сопствената желба. Пријателите на семејството дури и саркастично искоментираа дека децата на Бред Пит „наликуваат“ на Џони Деп. А, папарацо фотките од босоногите Шајло и Вивиен среде паркинг, беa само уште една потврда дека чистотијата не ѝ е главен приоритет на мама Енџи.

nemaat-prijateli-shetaat-bosi-po-ulica-kako-zhiveat-decata-na-andjelina-djoli-i-bred-pit-4.jpg

2. Си играат со оружје.

Анџелина од мали нозе ја фасцинирале ножевите, а нејзината чудна опсесија со оружјето им ја има пренесено и на дел од децата.

Пред да стане колекционерка на ками, таа морала да почека да наполни 11-12 години. За разлика од неа, синот Медокс го охрабруваше на истото хоби од 6-годишна возраст, купувајќи му ноже на подарок. Бред Пит го претвори неговиот цртеж на пиштол во уникатно ланче за денот на мајката (?!).

Се претпоставува дека децата поседуваат цел арсенал од остри предмети со кои си играат. Некои од нив имаат изразено бурен темперамент, па ваквиот несериозен пристап на родителите не беше воопшто разумна идеја.

nemaat-prijateli-shetaat-bosi-po-ulica-kako-zhiveat-decata-na-andjelina-djoli-i-bred-pit-5.png

3. Се тепаат едни со други.

Караниците и тепачките не се несвојствени за браќата и сестрите, посебно оние што растат во поголеми семејства.

А, со оглед на тоа дека децата на Бред Пит и Анџелина Џоли се социјализираат исклучиво едни со други, неизбежно е да доаѓа и до повеќе конфликти меѓу нив.

Постојат гласини дека Пакс и Медокс имаат особено насилни испади. Како што веќе споменавме, момчињата си играат со оружје, па кога „војуваат“, ова го прават во вистинска смисла на зборот. Другите, пак, врескаат на сиот глас и имаат прилично епски изливи на емоции.

nemaat-prijateli-shetaat-bosi-po-ulica-kako-zhiveat-decata-na-andjelina-djoli-i-bred-pit-6.jpg

4. Не одат на училиште.

Наместо за класично образование, Анџелина Џоли се одлучи самата да директорува со школувањето на шесте деца. Ниедно не оди на училиште, туку тутори им држат предавања во домашни услови, додека мајката врши надзор на целиот процес на едукација.

Тие ги учат само оние нешта кои актерката смета дека се важни за нивниот развој. Ова не е воопшто едноставно, затоа што сите имаат специфични интереси, па наставата е индивидуална и прилагодена на секое од нив. 

Свират различни музички инструменти, се занимаваат со спорт, одат на часови по самоодобрана и имаат одбрано посебен странски јазик што ќе го изучуваат.

Шајло сакала да го научи кмерскиот, односно јазикот на Камбоџа. Медокс говори германски и руски јазик, додека Вивиен највеќе ја привлекувал арапскиот јазик. Нокс, пак, почнал со изучување на знаковниот јазик, а Пакс е фокусиран на виетнамскиот, открива „Daily Mail“.

nemaat-prijateli-shetaat-bosi-po-ulica-kako-zhiveat-decata-na-andjelina-djoli-i-bred-pit-7.jpg

5. Имаат терапевтски сеанси.

Анџелина Џоли и Бред Пит не го почитуваат формалниот образовен систем. Глумицата во повеќе наврати и гласно говореше за недостатоците на истиот. Затоа со сопругот си создадоа сопствена верзија, којашто по многу нешта се разликува од традиционалната визија за училиштето.

Нивните деца немаат класични тестови и писмени задачи. Одбираат што сакаат да учат и не се присилени на ништо спротивно на личната волја. Сепак, она што задолжително е дел од нивниот ден се тераписките сесии.

Родителите во текот на викендите ги носеа и во посета на различни храмови, за да може што подобро да се запознаат со сите религии, па подоцна самите да одлучат дали и во што ќе веруваат.

nemaat-prijateli-shetaat-bosi-po-ulica-kako-zhiveat-decata-na-andjelina-djoli-i-bred-pit-8.jpg

6. Доцна си легнуваат.

Независно од стилот на родителство, едно правило важи за сите деца во светот. Ним им е неопходен квалитетен сон за правилен раст и развој.

Во домот на Анџелина Џоли, пак, не е невообичаено таа да одмара, а децата да се будни до раните утрински часови. „The Sun“ пренесе дека дадилките се принудени да им прават друштво и гледаат цртани филмови со нив цела вечер, затоа што на актерката ѝ е потребен мир на крајот од напорниот ден.

Наспроти нејзините желби, тие трчаат низ ходниците до доцна во ноќта, влегуваат во спалната соба, а дури им се вовлекуваа и во брачниот кревет со Бред Пит.

nemaat-prijateli-shetaat-bosi-po-ulica-kako-zhiveat-decata-na-andjelina-djoli-i-bred-pit-9.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg