Бунтовен е, се школува дома: 7 факти за Медокс, најстариот син на Анџелина Џоли
Со родители како Анџелина Џоли и Бред Пит, Медокс никогаш нема да биде нормален тинејџер.
Медокс е првото посвоено дете на Џоли од сиропиталиште во Камбоџа, како 7-месечно бебе.
Растен е на филмски сетови, патувајќи низ светот во приватни авиони и живеејќи во неверојатно луксузни домови во различни земји.
Факти за Медокс, најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит:
Медокс е првото дете што го посвои Анџелина
На почетокот таа не била комплетно сигурна дали посвојувањето е вистинскиот пат за неа, но имала огромна поддршка од нејзината пријателка Loung Ung.
Улогата на татко на Медокс, пред Бред Пит, ја имаше Били Боб Торнтон
Медокс го имаше неговото презиме, па разделбата на Анџелина и Боб само 3 месеци подоцна ја шокираше јавноста. Наводно, тој сè уште не бил подготвен за деца во тој период.
Никогаш не бил на училиште
Поради постојаните преселби, сите 6 деца на Анџелина се школувани дома. Со исклучок на некои кратки курсеви во интернационални училишта.
Медокс е огромен фан на неговата мајка
За себе вели дека е смирен, релаксиран и дека кога сака да направи нешто диво, го прави тоа, исто како луѓето од Камбоџа од каде и што потекнува.
За својата мајка вели дека е вистинско чудо, дека е забавна и лесна за комуникација.
Познат е во Камбоџа
Иако со години живее во Америка, Медокс не заборава на корените. Со Џоли постојано оди таму и во Камбоџа е славен, подеднакво како и неговата мајка.
Вели дека тоа е неговиот втор дом и дека е среќен таму.
Не ги сака многу групните семејни одмори
Џоли откри дека Медокс откако пораснал повеќе сака да седи дома и да игра видео игри со пријателите, отколку да патува во друга земја со своето семејство.
Во една пригода една од дадилките, што работи за семејството, откри дека Медокс е многу бунтовен, со лош темперамент, и родителите не можат да го контролираат.
Не го обожава Холивуд
Тој не сака да оди по стапките на неговите познати родители, ниту ги обожава настаните на славните од светот на шоубизнисот. Иако, на 16-годишна возраст имаше искуство како извршен продуцент на еден филмски проект со мајка си.
С. С. | Црнобело