Женски имиња со руско потекло кои имаат моќни значења
Имињата со руско потекло се типични и за нашето поднебје, поради сличната историја и етимологија.
Руските имиња се цврсто вкоренети во словенската традиција, па често може да се сретнат и кај нас. Меѓутоа, овие имиња во себе носат и моќна симболика.
Ова се петте најпопуларни и најубави руски женски имиња и нивните значења:
Татјана
Татјана и скратената верзија Тања имаат едно моќно значење - огнена кралица.
Олга
Олга, заедно со варијациите како Олгица или Оља е руска адаптација на германското и скандинавското Хелга. Неговото значење е здрава, среќна и света.
Маша
Иако е кратенка од Марија, често се дава и како самостојно име. Има повеќе значења, од кои секако, најмоќно е „онаа која е возљубена од Бога“.
Наташа
Наташа, како и Наталија, е име кое најчесто го добивале девојчињата родени околу Божиќ. Во превод, ова име значи раѓање.
Ирина
Име кое го има во многу култури и традиции, но со едно и единствено значење - спокој.
Е. Д. | Црнобело