5 реченици кои родителите не смее да ги изговорат за време на оброците
Она што им го говорите на своите малечки во текот на јадењето, подеднакво важно е и како тоа што го консумираат. Постојат неколку фрази кои татковците и мајките неретко ги користат на трпезата, а всушност би требало да ги избегнуваат.
Пораките кои родителите ги испраќаат за храната при јадењето, може да имаат неверојатно влијание врз децата. Затоа, бидете сигурни дека тие се оние вистинските.
Ова се петте реченици кои родителите не смее да ги изговорат за време на оброците:
1. „Може да добиеш десерт ако ги изедеш сите брокули.“
Не само што на овој начин се издигнува десертот на пиедестал, туку на детето му праќате порака треба да ја изеде „фуј“ храната, како би долшло до „фин“ деликатес.
Кога веќе послужувате десет, сите членови од семејството треба да имаат избор да го изедат, независно од тоа колку претходно јаделе. Ако вашето дете сака да јаде само десерт, без воопшто да касне од главното јадење, тогаш обидете се само провремено да послужувате десерт.
Исто така, може да се обидете и да ги послужите десертот и главното јадење заедно. Звучи неразумно, ама кај некои деца функционира.
2. „Ти си многу пребирливо дете!’
Родителите би требало да го избегнуваат користењето на зборот „пребирливо“ на масата.
Ставајќи било каква „етиката“ на детето, никако не му помагате. Напротив.
Кога ќе го наречете пребирливо, тоа може истото да го преведе вака: „Јас сум дете кое не сака многу намирници и кое се плаши да проба нови нешта.“
3. „Касни уште пет гриза месо и три залаци салата.“
Родителите вообичаено мислат дека нивното дете не изело доволно квалитетни намирници од чинијата, туку јадело само компир и леб. Таквиот оброк на нив им се чини нерамнотежен.
Но, тоа што му диктирате на детето колку уште мора да изеде, нему ни малку не му од полза. Ова го потврди и нутриционистката Сали Куземчак, која и самата им ги кажувала овие реченици, дури не сфатила колку всушност му штети на нејзиното дете.
„Престанав кога за време на една вечера, синот ме запраша уште колку залаци треба да изеде. Во тој момент ми стана јасно дека таквиот начин е непродуктувен. Како мојот син некакогаш ќе се научи да јаде кога е гладен, или, пак, да престане кога е сит, ако ја сум таа што му ги брои залаците?“
4. „Не би ти се допаднало.“
Дури и да сте 99% сигурни дека на вашето дете нема нешто да му се допадне, никогаш не го обесхрабрувајте тоа да го испроба.
Во ред е да го предупредите ако на пример храната е кисела или пикантна. Но, бидете отворени и поттикнувачки, бидејќи со децата никогаш не се знае.
Честотопати и ќе ве изненадат.
5. „Мора да го пробаш ова!“
Правилото „земи барем едно залче“ функционира кај некои деца, поттикнувајќи ги да испробуваат работи, за кои на самите никогаш не би им ни текнало.
Сепак, за мнозинството од нив, оваа реченица само поттикнува борба на масата.
М. А. | Црнобело