Среќните семејства ги прават овие 5 работи поинаку – дали сте едно од нив?
„Сите среќни семејства си прилегаат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“
Вака започнува еден од култните руски класици „Ана Каренина“, а вам ви останува да решите дали ќе бидете среќно семејство, макар прилегале едно на друго.
Бидете промената која сакате да ја видите. Што прават поинаку овие семејства за разлика од останатите?
Имаат свои традиции
Сите сме зафатени во ова лудо денешно време, но тоа не значи дека не можете да одвоите барем 2 часа дневно за дружба со семејството.
Доколку сепак и ова време претставува луксуз, тогаш точно назначете кога ќе се социјализирате со членовите на семејството – дали тоа ќе биде за време на утринското кафе или појадок, можеби неделен ручек или фамилијарен излет, одмор или патување.
Среќните семејства имаат традиции кои ги негуваат и ги почитуваат. Заедничко гледање филм, друштвени игри, искачување на планина. Што и да одберете, важно е да се држите до рутината и секогаш да одвојувате време едни за други.
Дарежливи се
Без разлика на бројот на деца кои ги имаат, родителите од најмали нозе се обидуваат да им всадат добри навики кои се однесуваат на великодушност, дарежливост и делење на работите.
Среќните семејства не се претрпуваат со работи и облека – тие ги донираат. Сите заедно земаат учество во различни хуманитарни акции и се обидуваат да им го посочат позитивниот аспект на волонтерството на своите деца.
Среќата не значи да се биде добар само за себе, туку и за тие околу тебе.
Се одликуваат со љубезност и емпатија
Доброто воспитување денес вреди злато. Не е доволно само да си паметен или образован, пред сè е важно да бидеш човек и воспитан, а среќните семејства најдобро ја знаат оваа лекција.
Тие се љубезни, секогаш подготвени да ве ислушаат и помогнат. Емпатични се и знаат што значи да поодиш малку во нечии туѓи чевли.
Кога ќе ја научите лекцијата дека не сте сами на светот и не треба да бидете саможивници, конечно ќе почувствувате вистинска среќа.
Немаат предрасуди, имаат толеранција
Среќните семејства имаат сопствени вредности, правила и принципи по кои се водат во животот, а едното од нив е дека – не смее да има предрасуди поврзани со битните работи во животот, како религијата, националноста, политичката или сексуалната определба.
Секој може да биде она што сака да биде. Толерантни се, пожртвувани и полни со разбирање.
Се грижат помалку
Досега веројатно си замисливте имагинарно семејство кое не постои, излезено како од сликовница со бајки. Но, среќните семејства (иако помалубројни) се реални.
Клучот на нивната среќа? Тоа што се грижат помалку од останатите.
Свесни се дека животот носи подеми и падови, дека после секоја бура доаѓа сонце и дека на крајот од тунелот секогаш ќе ве дочека светлина.
Храбри се, издржливи и ретко ќе ги слушнете како се жалат. Тие се обидуваат да уживаат во животот додека трае. Исполнет со игра, смеа, музика и секако, многу комуникација и искреност, среќните семејства навистина прилегаат едни на други.
(О)Милена | Црнобело