Родители споделуваат: Потценети задоволства кои им ги пружаат децата
Да се биде родител е најубавото чувство и родителите постојано зборуваат за среќните и убави моменти со нивните деца.
Но, покрај очигледните моменти на задоволство – прегратка, успех на детето и слични работи кои сите ги наведуваат, постојат и некои други кои повеќето ги потценуваат (или не ги признаваат).
Корисниците на Reddit откриваат кои им се најголемите задоволства и предности откако имаат деца, за кои ретко кој има храброст да ги каже.
Погледнете во што уживаат овие родители – се пронаоѓате ли и вие?
„Сите типови на забава од кои возрасните се срамат – со деца се дозволени.“
„Да имаш мало човече кое се радува и возбудува секој пат кога ќе те види.“
„Кога ќе седнеш и ќе ти текне дека си заборавил да си земеш нешто – детето влегува во игра.“
„Оправдан изговор за заминување од настани на кои вам не ви се седи.“
„Домашните обврски може да се префрлат и на децата кога сте уморни.“
„Може да ги терате децата да се дружат со вас и покрај тоа што е против нивна волја.“
„Можете да им ги претставите сите играчки кои сте ги сакале кога сте биле дете и сте ги чувале толку време.“
„Секогаш имате чоколадно млеко и благи работи (за кога и вам ќе ви се пријаде).“
„Обожавам макарони со кашкавал, а кога имаш дете што го сака истото, тој ручек е дозволен и повеќепати во неделата.“
„Има кого да обвините за гласните гасови – злобно.“
M. M. | Црнобело