10 работи кои децата најчесто ги кријат од родителите

Децата знаат да бидат многу вешти во лажење и криење на работи од своите родители. Децата на 7 годишна возраст се веќе вешти во препознавањето на лаги, па така можат и самите да искористат некоја лага за да избегнат лекции од страна на родителите.

10_raboti_koi_decata_najcesto_gi_krijat_od_roditelite_01.jpg

Еве 10 работи кои децата најчесто ги кријат од своите родители:

Домашни задачи

Поради можноста да бидат слободни за игра децата често „забораваат" да ја спомнат својата домашна задача додека не завршат со играњето, што најчесто е вечерта пред училиште.

10_raboti_koi_decata_najcesto_gi_krijat_od_roditelite_02.jpg

Тестови

Многу често лошите оценки се причина децата да се обидат да ги скријат тестовите од своите родители. Тие дури и би фалсификувале потпис од своите родители, само да не го покажат резултатот.

10_raboti_koi_decata_najcesto_gi_krijat_od_roditelite_03.jpg

Секс

Тинејџерите ретко разговараат со своите родители на оваа тема и скоро никогаш нема да признаат кога бил нивниот прв сексуален однос.

10_raboti_koi_decata_najcesto_gi_krijat_od_roditelite_04.jpg

Малтретирање

Многу често децата кои трпат физичко или емоционално насилство на училиште се срамат тоа да им го признаат на своите родители.

10_raboti_koi_decata_najcesto_gi_krijat_od_roditelite_05.jpg

Направена штета

Доколку децата скршат нешто или оштетат некој предмет во домот, често ќе се обидат да ги прикријат штетите и да ги негираат кога ќе бидат испитувани.

10_raboti_koi_decata_najcesto_gi_krijat_od_roditelite_06.jpg

Дечко или девојка

Срамот е честа причина тинејџерите да не признаваат пред своите родители дека се во врска.

10_raboti_koi_decata_najcesto_gi_krijat_od_roditelite_07.jpg

Излегувања

Многу често тинејџерите се обидуваат да ги прикријат нивните чести излегувања со друштво или да ги излажат своите родители дека ќе ја поминат ноќта кај најдобрите пријатели.

10_raboti_koi_decata_najcesto_gi_krijat_od_roditelite_08.jpg

Пушење

Лекциите и казните кои најчесто следуваат од оваа активност се причина тинејџерите да се кријат од своите родители.

10_raboti_koi_decata_najcesto_gi_krijat_od_roditelite_09.jpg

Точна локација

Често од страв од казна или лекција тинејџерите нема да ја кажат точната локација каде биле со своите другари или ќе се обидат целосно да ја скријат од родителите.

10_raboti_koi_decata_najcesto_gi_krijat_od_roditelite_10.jpg

Нелегални супстанци

Една од најопасните лаги е токму оваа. Тинејџерите нема никогаш да признаат употреба на нелегални супстанци, иако резултатите можат да бидат видливи.

10_raboti_koi_decata_najcesto_gi_krijat_od_roditelite_11.jpg

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg