Им реков „Сакам да посвојам дете", останаа подзинати - Не ми беше јасно зошто

Иако многумина знаеа да препишат на судбина, јас верував дека токму ние ја имаме моќта да избереме, иако често пати изгубени во своите лавиринти бевме несвесни за својот избор, ние избиравме со секоја воздишка. Нашиот живот беше сложувалка од намерни, понекогаш можеби избрзани или сосема случајни слатки моменти на избор кои беа запишани во нашето резиме.

im rekov sakam da posvojam dete 01

Влегов во продавницата, купив две чоколади како дополнение на мојот подарок за матурата на синот на едни пријатели. Се упатив кон нивната куќа и уредно се поздравив. Тие беа љубезни, матурантот соодветно облечен за пригодата, се посмеавме, се фотографиравме. Седнав на слободното место на масата и замолив папката која ја носев во рацете да ја оставам на сигурно место.

Притоа заборавив колку луѓето сакаа да си го пикаат носот во туѓите работи, а исто така се потсетив колку не ми беше грижа за тоа.

„Што документи има таму?” Ме запраша сосетката од спроти одненадеж, причина за нејзиното прашање беше дебелината на папката, а таа пуста секогаш сакаше да знае сè. Нејзиното секојдневие мораше да биде исполнето со трачеви за сите, за да може да пушти отров насекаде. Нели е малку тажно да немаш сопствен живот, па преокупација да ти е животот на другите?

„Во папката имам документација за посвојување дете”. Реков јас со смирен глас.

На неа, а и на изненадување и на сите останати, како да им стана здодевна прославата, па се накострешија на мене. Се нафрлија со погрдни коментари. Како внатре да ги чував сите државни тајни спремен да ги издадам, а не како тоа да беше одлука која мене ме прави среќен.

„Како тоа ќе посвојуваш. Па, зарем вака млад и успешен дечко како тебе треба да посвојува, треба да имаш сопствени деца, да се ожениш, да најдеш девојче, да создадеш фамилија. Што ќе ти е туѓа крв да ја гледаш, никогаш нема да можеш да ја сакаш како твоја. Господ знае какви гени ќе има тоа дете, замисли да израснеш дете на некој затвореник или убиец. Страшно”. Коментираше таа згрозувајќи се од мојот чин.

„Децата во системот за згрижување се повеќе од гени на затвореници и криминалци. Имам пријател кој живеел во системот цели осумнаесет години додека не станал полнолетен. Тој е успешен како мене и секогаш му се насолзуваат очите кога раскажува”.

Тој вели, „Таму имаш луѓе кои не можат да сонуваат затоа што се трудат да преживеат. Малечки очиња кои само сакаат да почувствуваат мека перница и топлина во креветот исполнет со љубов. Таму живееш со надеж дека ќе се појави некој со автомобил, што ќе ги исполнува твоите замисли за совршен родител, ќе те земе под закрила и ќе ти дозволи да сонуваш. Јас немав таква среќа.

Таквите како мене кои израснале во системот се надеваат дека додека не е доцна, секојдневно поминуваш време чекајќи, со надеж дека ќе успееш да напишеш честитка за добро утро, дека ќе можеш да викаат мамо или тато кон некого, дека ќе дуваш роденденски свеќи и ќе почувствуваат што навистина значи зборот дом и семејство. Таквите како мене, децата од системот за посвојување само сакаат да бидат среќни, тие не згрешиле ништо никому, само постојано сонуваат за семејство”.

Јас се сметам себеси како некој кој може да разубави еден живот, кој може да ги оттргне мислите за преживување и да создаде простор детето да ја насочи својата енергија кон себеостварување. Немој да се грижите, ќе се оженам, ќе дојде и тоа, ќе има и мои деца кои ќе ги сакам подеднакво како она кое ќе ми биде прва радост. Мојата одлука нека не биде предмет на вашиот суд и онака нема да го послушам.

Вие за промена можете да ги проширите видиците и да ги надополните тие конзервативни и застарени сфаќања. Животот нема шема која треба да ја следиме сите, баш напротив слободата на нашиот избор, особено ако истиот разубавува два животи, тоа е она што го прави нашето ограничено време на земјатa посебно.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg