6 типови на мајки кои им штетат на своите деца

Од мајка перфекционист до мајка професорка, како да се справите со нив?

6-tipovi-na-majki-koi-im-shtetat-na-svoite-deca-i-kako-da-se-spravite-so-niv-01.jpg

Врските со мајките се најважни во изградбата на децата како личности.

Сепак, ако имате мајка која токсично влијае со своето однесување на вас, мора да го кренете својот глас. Преголемите притисоци и влијанија од неа не смеат да ви го диктираат целиот живот.

Типови на токсични мајки:

Авторитарна мајка

Тие секогаш знаат што и како треба да биде направено. Имаат совет, им ги решаваат проблемите на децата и имаат власт над нив.

Веруваат дека само тие знаат што е најдобро за вас и немате право на свое мислење.

Запомнете дека не смее мајка ви да ви влијае на одлуката дали ќе ја промените работата или ќе раскинете со момчето, вие сте самостојна личност.

6-tipovi-na-majki-koi-im-shtetat-na-svoite-deca-i-kako-da-se-spravite-so-niv-02.jpg

Мајка професорка

Таа има долги монолози и ви држи предавања како треба да се справите со одредена ситуација. Но, тоа не се случува еднаш, туку постојано.

Мајката професор знае како треба да го водите домаќинството и да се однесувате кон вашите пријатели.

Пред да го послушате следниот совет прашајте се: „Што сакам јас?“ Слушнете го нејзиното мислење, но вашата одлука е финална.

6-tipovi-na-majki-koi-im-shtetat-na-svoite-deca-i-kako-da-se-spravite-so-niv-03.jpg

Мајката носач на одлуки

Таа е перфекционист и не сака да погрешите никогаш, па носи одлуки наместо вас. Последиците на ова се слаба социјализација и ваша неспособност за донесување на одлуки во животот.

Кажете ѝ дека понекогаш мора сами да научите од грешките на своја кожа и дека ви е потребно да дишете слободно.

6-tipovi-na-majki-koi-im-shtetat-na-svoite-deca-i-kako-da-se-spravite-so-niv-04.jpg

Мајка манипулатор

Фразите од типот „од тебе ќе доживеам срцев удар“ се манипулирачки. Ваквата мајка сака да има целосна контрола врз вас и ве прави несигурни и анксиозни.

Колку и да ви мисли добро, кажете ѝ дека сте ѝ благодарни, но нејзиниот однос ве нервира.

6-tipovi-na-majki-koi-im-shtetat-na-svoite-deca-i-kako-da-se-spravite-so-niv-05.jpg

Мајка перфекционист

Таа е перфекционист во животот и има огромни барања од вас. Поставува високи критериуми и не смеете да бидете ништо помалку од идеални за да биде задоволна.

Сака да им се фали на другите со вашите достигнувања и да предизвикува воодушевување.

Но, мора да сфатите дека нејзиниот страв за вашата иднина е проблем на вашата мајка , а не ваш. Прашајте се дали се чувствувате комфорно под сиот тој притисок од вашата мајка перфекционист.

6-tipovi-na-majki-koi-im-shtetat-na-svoite-deca-i-kako-da-se-spravite-so-niv-06.jpg

Незрела мајка

Таа не може да заземе позиција на возрасна личност во вашиот живот. Ја користи својата слабост за другите да ѝ ги решаваат проблемите.

Децата си ги гледа како најдобри пријатели, кои треба да ѝ помогнат во неволја.

Мора да поставите јасни граници, ако не сакате целиот живот да ѝ ги решавате проблемите на вашата незрела мајка. Сфатете дека вие не сте родителот тука.

6-tipovi-na-majki-koi-im-shtetat-na-svoite-deca-i-kako-da-se-spravite-so-niv-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg