Мајка ја дои 5-годишната ќерка и вели дека има одлична причина за тоа
Мислењата околу нејзиниот потег се поделени. Иако таа вели дека доењето ја штити нејзината ќерка од настинки и вируси, многумина веруваат дека е претерано.
Ема Шардлоу Хадсон (29) сè уште го дои 2-годишниот син Оли, но и 5-годишната ќерка Алекс. Тоа го прави помеѓу другите нивни оброци и вели дека мајчиното млеко има огромно позитивно влијание врз нивното здравје.
Ема тврди дека нејзината ќерка не се разболува како другите нејзини врсници благодарение на тоа што сè уште цица.
5-годишната Алекс цица наутро и навечер, иако некогаш може да мине и ден без мајчино млеко. Но, кога ѝ е потребна утеха секогаш најдобар начин за да се смири ѝ е цицањето, тврди нејзината мајка.
Реакциите на јавноста се поделени открива Ема и вели дека некои од пријателите ја поддржуваат, додека други ја осудуваат за овој потег.
Препораките на докторите се бебињата да цицаат барем до 6-месечна возраст, но Ема вели дека тоа што го прави таа е несебичен чин и е пресреќна што може со своето тело да влијае на развојот на нејзините деца.
Што мислите за нејзиниот потег? Дали доењето на дете на 5-годишна сепак е премногу?
С. С. | Црнобело