Строги правила за воспитување на децата кои славните родители ги применуваат
Многу славни ѕвезди ги носат нивните деца на големи настани, учејќи ги и охрабрувајќи да имаат активен социјален живот и да развијат свој бренд.
Други славни родители пак, прават сè што е во нивна моќ за што подобро да ги заштитат децата од несаканото внимание на јавноста.
Тие исто така го ограничуваат нивниот пристап до социјалните мрежи и општо интернетот.
Иако многу од нив се обвинети дека се престроги во пристапот со децата, сепак луѓето ги интересира како ѕвездите ги одгледуваат децата.
Во продолжение погледнете неколку правила по кои дел од нив се водат:
Безбедноста на прво место
Кајли Џенер е млада мајка, а нејзината ќеркичка е многу мала за да следи правила, но сепак таа ги поставува правилата за оние околу детето. Кајли инсистира оние кои ја посетуваат Сторми да носат медицински маски за да ја заштити од бактерии. Можеби ова личи на екстремно, но ова правило важи за сите членови на семејството.
Кортни Кардашијан е многу строга кога станува збор за безбедноста на децата. Покрај следењето на строги диети и водењето здрав живот, има некои работи и материјали кои смета дека треба да се избегнуваат. Таа никогаш не користи микробранова, бидејќи смета дека е штетно и дека така токсините од пластиката се испуштаат во храната, па затоа јадењето го топли во рерна.
Кортни исто така избегнува памучна постелнина, па се грижи децата и целото семејство да спијат на свилени навлаки.
Навики за јадење
Кортни е позната по следењето на здравиот животен стил и неодамна го запозна семејството со строга диета без глутен, за која вели дека позитивно влијае на здравјето на децата. Исто така постојано има нови рецепти за смути со зеленчук, протеини и витамини.
Гвинет Палтроу нема строги правила за исхраната, но инсистира на потребата од замена на брзата храна со нешто здраво. Таа им готви на децата секоја вечер и се труди да јадат органска храна и да избегнуваат преработена храна, вештачка и полна со хемикалии.
Џулија Робертс е исто така строг родител кога се работи за исхраната на децата и сите јадат само здраво. Благото е дозволено само во посебни пригоди, а тоа им помага на децата да си ја ценат наградата повеќе и да не стекнат навика за често јадење слатки.
Рутина за спиење
Ким и Кортни Кардашијан сметаат дека децата треба да се научат да легнуваат во исто време секоја вечер, а Кортни користи некои ритуали кои им помагаат да се релаксираат дпред да заспијат и им чита три различни книги на сите деца.
Кортни не им дозволува на децата да користат телефони во кревет и наместо тоа се забавуваат гледајќи ѕвезди на таванот со помош на проектори, а таа седи со нив додека не заспијат.
Бирање облека
Децата во семејството Кардашијан носат брендови, но исто така не е чудно да ја носат облеката на постарите браќа или сестри. На пример, Кортни понекогаш ја облекува нејзината ќерка во облека од нејзиниот син.
Бијонсе многу често го следи трендот на мајки и ќерки облечени исто, па често имаат ист аутфит со нејзината најстара ќерка Блу Ајви.
Време поминато без електронски уреди
Џеј Ло има интересен трик за тоа како нејзините деца да не бидат зависни од електронски уреди. Таа одлучила дека во недела децата може да играат игри на компјутер и да седат на таблети, додека мајката одмара. Таа смета дека ова е многу ефективно, бидејќи во текот на неделата тоа не им е дозволено и мора да работат напорно за во недела да си го „заслужат“ нивното време.
Бред Пит и Анџелина Џоли пак отишле до крајност и најмиле тим за безбедност на интернет кој следи што прават децата кога се онлајн, додека пак Меган Фокс, целосно го забранува пристапот до социјални мрежи.
М. М. | Црнобело