11 совети како со децата да комуницирате со јазикот на љубовта

Научете ги децата како да ја ценат убавината на животот, да имаат благородна душа и да знаат што е важно во животот.

11-soveti-kako-so-decata-da-komunicirate-na-jazikot-na-ljubovta-01.jpg

Кога се мали децата околу нив имате многу обврски, кога се постари поставуваат сè потешки прашања, па како да бидете успешни во најпредизвикувачката улога на светот - родител?

Најважно е да научите да комуницирате со нив преку јазикот на љубовта и заедно да играте игри и да сонувате.

Неколку трикови како со децата да комуницирате со јазикот на љубовта:

Развивајте ја смислата за убавина кај вашето дете

Научете го како да креира убавина и како да ужива набљудувајќи ја убавината. Шетајте со него во природа, приредете му дома топла семејна атмосфера, учете го да применува убави зборови, покажувајте му уметнички фотографии, читајте му книги.

Вие во вашето дете ја будите мудроста, љубовта, емпатијата, хармонијата на духот, па потрудете се со сите сили.

11-soveti-kako-so-decata-da-komunicirate-na-jazikot-na-ljubovta-08.jpg

Одгледајте благородна личност

Научете го дека материјалната благосостојба и успешната кариера се посакувани, но не се рецептот за среќа. Рецептот е убавата душа, а тоа се постигнува преку делење на насмевки на другите, правење на вистинските работи, споделување на убави вести и великодушност.

Разговарајте со нив за најважните аспекти во животот.

Зборувајте со детето како со возрасна личност

Со ваквото обраќање детето ќе се чувствува почитувано и како независна личност. Обраќајте му се сериозно, како на некој што е еднаков на вас.

11-soveti-kako-so-decata-da-komunicirate-na-jazikot-na-ljubovta-07.jpg

Не бидете некултурни и не лажете, особено не пред него

Ако сте насилни и некултурни кон него, тогаш и тоа ќе стане такво. Навредите и повишениот тон на гласот им штетат на децата.

Обидете се да ги смирите емоциите и контролирано да разговарате со него. Казните и агресијата ќе имаат спротивен ефект.

11-soveti-kako-so-decata-da-komunicirate-na-jazikot-na-ljubovta-05.jpg

Учете го да гледа позитивно на работите

Гледањето позитивно на работите во секој миг е голема предност во животот. Научете го да ги гледа чудата и убавините на животот, наместо постојано да биде незадоволно од нешто.

Оптимизмот ќе му помогне полесно да пронаоѓа решение за проблемите во животот.

11-soveti-kako-so-decata-da-komunicirate-na-jazikot-na-ljubovta-06.jpg

Покажете му ја на детето големината и убавината на светот

Детето добива основни информации до 5-годишна возраст. Потоа многу е важно да му го будите интересот за светот околу него.

Да истражува, да чита книги, да не се наситува од нови искуства, да се интересира за нови откритија.

Заинтригирајте го за работите кои ги правите

На малите деца им е интересно да прават некои работи заедно со нивните родители. Учете го на нови вештини и нека ви биде верен помошник.

Без разлика, дали ќе поправа автомобил со татко му во гаражата или ќе прави торта со мајка му во кујната, детето ќе учи и ќе ужива во ваквите активности.

11-soveti-kako-so-decata-da-komunicirate-na-jazikot-na-ljubovta-04.jpg

Разберете го неговиот карактер и таленти

Можеби неговиот талент е скриен, а карактерот мистериозен. Обидете се да сфатите што се крие внатре во него.

Тестирајте ги неговите интереси и поддржете го да ги прави работите за кои има интерес. Музика, математика или глума, сеедно.

Третирајте го како добар човек и давајте му комплименти

Барајте го доброто во него и давајте пофалби секој пат кога ќе направи нешто исправно. Во ред е дури и да претерувате малку. Сите сакаат комплименти, па наредниот пат тоа ќе се потруди уште повеќе за да добие некој убав збор од вас.

Потсвеста на човекот е  неверојатна работа и вие влијаете на иднината на вашето дете.

11-soveti-kako-so-decata-da-komunicirate-na-jazikot-na-ljubovta-03.jpg

Времето што го минувате со него направете го забавно и корисно

Не читајте само книга, туку притоа дискутирајте за главните ликови, акцијата и ситуациите во книгата. Измислувајте приказни заедно, креирајте кукли, алатки и магични светови.

Во миговите минати заедно споделувајте ги мислите, поставувајте прашања и набљудувајте го светот.

Не му ставајте строги забрани, туку полека трансформирајте го

Важно е да не му забранувате строго што не смее да прави, туку тоа да му го кажете на вистинскиот начин или уште подобро неговиот фокус незабележително да го поместите од тоа дело на некое друго.

На пример наместо да му кажете дека не смее да ги растура играчките, кажете му да ги нареди на свој начин како мисли дека ќе зафаќаат најмалку место во неговата соба. Нека биде активен сонувач, кој не следи наредби, туку учи сам да препознава што е добро, а што не.

11-soveti-kako-so-decata-da-komunicirate-na-jazikot-na-ljubovta-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
„Наплаќам за да се грижам за внуците – заработив 25.000 евра, но ќерка ми мисли дека сум себична“ „На 65 години, веќе заморно е да се грижам за седум внуци. А, овде се и финансис...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...
Мајка стана мета на критики: „Моите деца минуваат и 10 часа дневно пред екран – како да имаме беспла... Мајка од Англија се соочи со критики, откако откри дека им дозволува на децата д...
7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg