Дали би ставиле знак „не допирај“ на количката на вашето бебе?

Дали ве нервира кога луѓе кои не ви се блиски си даваат за право да го допираат вашето бебе или сметате дека тоа е добро за развојот на неговиот имун систем?

dali-bi-stavile-znak-ne-dopiraj-na-kolichkata-na-vasheto-dete-01.jpg

За голем број жени единственото полошо од луѓе кои не им се блиски да им го допираат трудничкиот стомак е странци да им ги допираат децата кога се мали.

Дали ви е здодеано од луѓе кои пристапуваат без прашање и го галат вашето бебе?

dali-bi-stavile-znak-ne-dopiraj-na-kolichkata-na-vasheto-dete-03.jpg

Една мајка се изморила од тоа и одлучила да стави знак на бебешката количка „Не допирај, твоите бактерии се преголеми за мене“.

Но, откако фотографијата беше споделена на Фејсбук групата за мајки Breastfeeding Mama Talk, имаше измешани реакции.

Thoughts? Would you put this on your baby's car seat?

Posted by Breastfeeding Mama Talk on Sunday, April 22, 2018
" data-width="630" data-show-text="true">

Thoughts? Would you put this on your baby's car seat?

Posted by Breastfeeding Mama Talk on Sunday, April 22, 2018

Фотографијата се прошири вирално  и на неа има повеќе од 9.200 лајкови, 3.400 споделувања и 1.200 коментари.

dali-bi-stavile-znak-ne-dopiraj-na-kolichkata-na-vasheto-dete-04.jpg

Некои од мајките коментираа дека иако нивните деца постојано биле во допир со голем број на луѓе, биле совршено здрави и тоа е добро за нивниот имунитет, додека други велат дека ова е совршениот знак за сите луѓе без осет, кои не се грижат за здравјето на детето и можното пренесување на бактерии.

Што мислите вие? Каков ви е ставот за овој знак?

dali-bi-stavile-znak-ne-dopiraj-na-kolichkata-na-vasheto-dete-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg