Искрени исповеди на мајки: Што помислив кога првпат го видов моето бебе?

Што помисливте кога првпат го видовте вашиот син/ќерка? Дали на тоа слатко се смеете денес?

iskreni-ispovedi-na-majki-shto-pomisliv-koga-prvpat-go-vidov-moeto-bebe-01.jpg

Раѓањето на бебето е магичен миг и ве преплавува неверојатна среќа, но и некои мисли.

Десет мајки одлучија искрено да кажат што помислиле кога првпат го виделе своето новороденче:

„Тој нос ми е познат... Се надевам дека нема да личи на мојата свекрва.“

„Ова е навистина чудо на животот! Колку е прекрасна, мала, нежна, неверојатна... Хмм, се прашувам кога ќе ми дадат да јадам.“

„Знаев дека бебињата се „збрчкани“, но не верував дека моето ќе биде толку многу.“

iskreni-ispovedi-na-majki-shto-pomisliv-koga-prvpat-go-vidov-moeto-bebe-03.jpg

„Навистина не ми е јасно како вакво големо бебе успеа да излезе од мене.“

„Мислам дека син ми кога се роди беше многу поубав отколку ќерка ми што е сега.“

„Па, јас станав мајкаааа! Но, толку многу ми се спие...“

„Какви мали прстиња! Би можела да ги изедам.“

iskreni-ispovedi-na-majki-shto-pomisliv-koga-prvpat-go-vidov-moeto-bebe-04.jpg

„Сигурно наредниов период поради тебе ќе испуштам неколку епизоди (а можеби и сите) од мојата омилена серија.“

„Се надевам дека вредиш толку колку што преживеав болка при породувањево.“

„Леле, колку е ситна, само да не ја скршам првиот пат кога ќе ја земам во раце.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg