4 етапи на воспитување на децата + 3 најголеми родителски грешки, според тибетските мудреци

До 5 години треба да го третирате детето како крал, но од 5 до 10 години како „роб“, објаснувањето на тибетските мудреци ќе ве увери зошто да го сторите тоа.

4-etapi-na-vospituvanje-na-decata-plus-4-najgolemi-roditelski-greshki-spored-tibetskite-mudreci-01.jpg

Познато е дека луѓето во Тибет имаат поинаков поглед на човековиот живот. Тие се мудри и трпеливи во сите сфери, па така и на полето на воспитување на децата.

Како правилно да го воспитате своето дете, според тибетските мудреци:

1 фаза: До 5 години

Во оваа фаза вашето дете слободно можете да го третирате како „крал“. Не му поставувајте строги забрани и не го казнувајте сериозно.

Во оваа фаза децата се љубопитни, активни, подготвени за учење и истражување на светот. Тие сè уште не знаат како да градат логични заклучоци преку своите искуства, па ако прави нешто лошо или опасно преку правење на лута фаца треба да му посочите дека е погрешно и потоа треба да му го префрлите вниманието на нешто друго.

Емоциите се јазик кој го разбираат децата во овој период.

Најголема грешка:

Ако сте премногу заштитнички поставени и му забранувате многу работи во овој период на детето, тогаш ја потиснувате неговата основна активност да учи преку несвесно набљудување и искусување.

4-etapi-na-vospituvanje-na-decata-plus-4-najgolemi-roditelski-greshki-spored-tibetskite-mudreci-02.jpg

2 фаза: Од 5 до 10 години

Во овој период се советува детето да биде третирано како „роб“, но се разбира без суровост. Во овие години се формира основата за тоа каква личност детето ќе стане во иднина и интелектуалното и логично размислување се навистина активни.

Пред него мора да поставувате многу задачи, да контролирате како ги извршува и да го подготвите на последиците од неуспехот или пак свесното неисполнување. Детето мора да научи да биде одговорно за своите постапки, да цели кон позитивни работи и да ги избегнува негативните.

Не треба да се плашите да го терате да учи затоа што во овој период тоа апсорбира знаења побрзо од кога било.

Најголема грешка:

Ако и во овој период продолжите да го третирате детето како „крал“, тој ќе израсне во несозреана личност, неспособна за работа и за одговорност за своите постапки.

4-etapi-na-vospituvanje-na-decata-plus-4-najgolemi-roditelski-greshki-spored-tibetskite-mudreci-03.jpg

Фаза 3: Од 10 до 15 години

Во овој период важно е да го третирате детето како „еднакво на вас“. Свесни сте дека имате повеќе животно искуство и знаење, но важно е детето да има дефинирано своја животна позиција од која ќе може да ја покаже силата на своето мислење.

Помогнете му така што ќе го прашувате за мислење, ќе ја охрабрувате неговата независност. Не треба да му наредувате и забранувате, туку да му поставувате барања и цели. Тој мора некои работи да ги прави независно и да има независна мисла.

Најголема грешка:

Ако му забранувате сè, тогаш вашата врска со детето може да се влоши и тоа може да се впушти во опасни ситуации. Од друга страна, ако претерано внимавате на него, ќе израсне во несигурна личност зависна од туѓото мислење.

4-etapi-na-vospituvanje-na-decata-plus-4-najgolemi-roditelski-greshki-spored-tibetskite-mudreci-04.jpg

Фаза 4: Од 15 години нагоре

До оваа возраст личноста на детето е веќе формирана. Сега е важно да го третирате со почит, да му давате совети, но не да наметнувате работи.

Во овој период ќе го забележите резултатот од вашиот вложен труд и ќе видите како вашето дете се претворило во независна личност, која има вистински вредности, самодоверба и почит кон своите родителите и сите околу него.

4-etapi-na-vospituvanje-na-decata-plus-4-najgolemi-roditelski-greshki-spored-tibetskite-mudreci-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg