Зошто да се биде мајка е прекрасно, но ужасно тешко?
Mенувањето на пелени, хранењето на децата, жонглирањето со обврските, обидот да одржите барем некое ниво на лична хигиена... Мајчинството навистина не е шега.
Грижењето за децата е навистина работа со полно работно време, поточно 2.5 работи со полно работно време, покажа едно истражување.
Мајките во текот на седмицата посветуваат 98 часа на задачи поврзани со родителството, а добро знаеме дека просечна работна седмица кај работниците е 40 часа.
Истражувањето направено во САД, кое вклучувало 2.000 мајки со деца на возраст од 5 до 12 години, открива дека денот на просечна мајка започнува во 6:23 и завршува во 20:31 минута.
Ваквата смена од 14 часа на ден во голема мерка, го надминува работниот ден од 8 часа, зарем не?
Дури 40% од жените сметаат дека нивниот живот е диктиран од листата на обврски кои треба да ги завршат, а која никогаш не доаѓа до крајот.
Улогата на мајка на моменти навистина знае да биде истоштувачка. Иако, да се биде мајка е најубавата работа на светот, изгледа е и најтешката.
С. С. | Црнобело