Пред 2 години ја илустрираше тагата од спонтан абортус, денес си го црта среќното семејство
Приказната на талентираниот уметник Куртис Викланд е преточена низ илустрации кои даваат надеж дури и во најтешките моменти.
Во август 2016-та година, неговата тажна илустрација во облик на скица се прошири вирално. Стануваше збор за моментот кога тој и неговата сопруга откриваат дека им се случил спонтан абортус.
„Илустрацијата ја нацртав дента кога откривме за спонтаниот абортус. Чудно ми е што го споделив ова, бидејќи семејствата обично не зборуваат за ваквите моменти. Но, не знаев што да правам. Оваа слика многу подобро ги опишува моите емоции од било кој збор. Се надевам дека оние кои пателе или патат од истата болка ќе сфатат дека не се сами.“
Две години подоцна, Куртис не пропушта да го наслика секој бесценет момент со неговата сопруга и двете дечиња.
Неодамна дури и сподели скица на која соопштуваат дека нивното трето дете штотуку не пристигнало:
Најубавите илустрации од среќното семејство:
М. Д. | Црнобело