Што им се случува на бебињата во првиот час од животот?

Доаѓањето на новороденчето е магичен миг, тоа за првпат плаче, чувствува студ и светлина и му се случуваат низа други процеси.

shto-mu-se-sluchuva-na-vasheto-bebe-vo-prviot-chas-od-zivotot-01.jpg

Пред породувањето во главата ви поминуваат илјадници мисли околу тоа како да помине породувањето најдобро, која клиника да ја изберете, дали е подобро природно или царски рез итн.

Но, многу помалку се зборува за тоа што се случува по породувањето, односно што му се случува на вашето бебе кога ќе се роди.

Како изгледа првиот час од животот на новороденчето:

0 - 30 секунди: Бебињата го земаат првиот здив во првите 10 секунди и започнуват да плачат гласно, што прави белите дробови да проработат правилно. Тие, исто така, за прв чувствуваат многу работи како студ, светлина и гласни звуци.

shto-mu-se-sluchuva-na-vasheto-bebe-vo-prviot-chas-od-zivotot-05.jpg

30 секунди -1 минута: На вашето бебе колку што може поскоро ќе му биде пресечена папочната врвца, ќе биде топло обвиено и ќе го има првиот контакт со мајката. Во некои болници ќе биде ставено во вашата прегратка, во некои не. Допирот кожа до кожа ќе му помогне на вашето бебе да се приспособи на животот надвор од стомакот и да се подготви за првото хранење.

1 - 3 минути: На вашето бебе ќе му се направат некои тестови за да се одреди неговата здравствена состојба. Мерење на тежина, срцебиење, дишење, како и ставање на алка за препознавање. Медицинската сестра убаво ќе го исчисти бебето.

2.5 - 5 минути: Ако ви го дале бебето, додека тоа е на вашите гради полека ги отвора очите. Постепено ќе започне да ја движи главата и устата.

shto-mu-se-sluchuva-na-vasheto-bebe-vo-prviot-chas-od-zivotot-02.jpg

8 - 30 минути: Околу 8 минути по раѓањето, бебињата најчесто стануваат поактивни, држејќи ги очите отворени и до 5 минути. Почнуваат да чувствуваат потреба да бидат нахранети, гледаат во лицето на нивната мајка и испуштаат тивки звуци.

30 - 40 минути: Ќе имате повеќе време за милување со вашето бебе додека одморате или се обидувате да го надоите првпат, иако подолго време нема да успеете да имате успешно доење.

shto-mu-se-sluchuva-na-vasheto-bebe-vo-prviot-chas-od-zivotot-03.jpg

40 - 50 минути: Процедурите се различни од болница до болница, но на вашето бебе најверојатно ќе му бидат дадени витамини/антибиотици.

50 - 60 минути: Бебињата започнуваат да цицаат поуспешно, добивајќи мали дози колострум. Колострум е првото млеко на мајката, кое содржи повеќе вода, витамини и минерали, а помалку маснотии, поради што е поздраво. Посебно е важно присуството на имуноглобулин, специјален вид на протеин кој во колострумот го има пет пати повеќе отколку во другото млеко.

shto-mu-se-sluchuva-na-vasheto-bebe-vo-prviot-chas-od-zivotot-04.jpg

Се разбира, секое породување е различно и текот на работите може да оди и поинаку, но ова е отприлика да знаете низ што поминува новороденчето.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Искрена исповед на мајка: „Тешко ми е летниот период со бебе, кога не можам да излезам надвор“ Кои се вашите размислувања? Дали сметате дека повеќето мајки се&n...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg