Само 1 од 5 млади луѓе минува време со своите баби и дедовци
Младите воопшто не се заинтересирани за тоа каков живот воделе нивните баби и дедовци. Нив најмногу ги интересира џепарлакот, за жал.
Бабите и дедовците стануваат заборавена генерација. Младите се премногу зафатени да минуваат време со нив и да ги слушаат нивните приказни за старите денови.
Истражување спроведено на 1.000 испитаници на 18-годишна возраст откри дека само 21 процент од нив ги посетуваат нивните постари роднини за да видат како се, да слушнат нешто за разликите во животот во минатото и денес, за нивните љубовни приказни од младоста итн.
Голем дел од младите воопшто не знаат каква работа работеле нивните баби и дедовци пред да се пензионираат.
За жал, еден од 10 млади луѓе воопшто не е заинтересиран за да слушне за кариерата, талентите или интересите за нивниот начин на живот. Голем дел од младите признаваат дека тие им се обраќаат на бабите и дедовците само кога треба да побараат џепарлак од нив.
„Постарата генерација имала исполнет живот во едно поинакво време, но ние не сме воопшто заинтересирани да прашаме нешто за тоа. На постарите воопшто не им го даваме вниманието што го заслужуваат“, изјави Џеф Бејтс, кој е дел од кампањата за поткренување на свеста кај младите.
Истражувачите открија дека 65 проценти од младите ги гледаат своите баби и дедовци секоја седмица, но 37 проценти од нив откриле дека тоа го прават само затоа што нивните родители ги тераат.
42 проценти од младите воопшто не зборуваат со нивните баби и дедовци за нивното минато.
С. С. | Црнобело