Квалитети кои треба да ги поседувате и ќе ви бидат од корист кога ќе станете родители

Да се биде родител е вистинска среќа и нешто за што секој треба да биде благодарен.

kvaliteti-koi-treba-da-gi-poseduvate-i-kje-vi-bidat-od-korist-koga-kje-stanete-roditeli-01.jpg

Но, мора да признаеме дека оваа улога е предизвик за секого и ретко кој совршено се снаоѓа во истата.

Родителите треба да имаат организациски способности на завидно ниво, а мора да бидат и подготвени дека животот целосно ќе им се промени.

Но, постојат некои квалитети, кои доколку ги поседувате, ќе успеете лесно да се соочите со овие среќни, но тешки денови.

Проверете колку од нив имате:

Трпение

Со децата треба да знаете како да се однесувате. Многу често родителите се нетрпеливи со децата, па доколку тие нешто сакаат да направат, но не знаат како, еден од родителите не може да издржи и го завршува сам.

Но, тоа е грешка. Треба да го научите детето и да му покажете како се прават работите, а потоа да го оставите само. Не е воопшто лесна задача, па затоа трпението ќе ви биде и повеќе од потребно.

kvaliteti-koi-treba-da-gi-poseduvate-i-kje-vi-bidat-od-korist-koga-kje-stanete-roditeli-02.jpg

Индиферентност кон туѓите мислења

Секако дека е добро да ги слушате оние кои се поискусни и да прифаќате некои совети, но тоа не значи дека треба да ги слушате баш сите кои ќе ви кажат како се одгледува дете и како треба да правите.

Дури и ако некој ве критикува, не паѓајте на тоа, ако сметате дека сте добар родител и постапувате како што треба, научете да не допира до вас туѓото мислење и бидете среќни.

Здрава „себичност“

Откако ќе добиете дете, во првите неколку години, е сосема нормално постојано да бидете изморени бидејќи сте посветени целосно на одгледувањето.

Па, никој не може да ви замери и понекогаш треба да си дозволите да заборавите на вашата првична улога и да си овозможите одмор и релаксација, за потоа со нови сили да се вратите на обврските.

Секако, на децата нема да им биде пријатен недостатокот на внимание, но ќе мора да научат дека и вие заслужувате одмор. Не сите, но некои работи, можат да почекаат и да се одложат за подоцна.

kvaliteti-koi-treba-da-gi-poseduvate-i-kje-vi-bidat-od-korist-koga-kje-stanete-roditeli-04.jpg

Здрав песимизам

Не треба да размислувате негативно и песимистички за сè во животот, но кога имате мало дете, мора да бидете подготвени дека ако сте долго излезени, може да се извалка или да направи нешто друго со што ќе ви се качи на глава.

Па, доколку вакви слични работи се случат и сте подготвени навреме, нема да имате нервози и брзо ќе ги решите, а ако не се случат, уште подобро за вас.

Смисла за хумор и позитивност

Со смислата за хумор ќе ви биде полесно да се справите со детето и со сите предизвици кои ве очекуваат во секојдневието, а ќе бидете и подобар родител за детето.

Не ги сфаќајте сите работи сериозно и ако некогаш детето ви го истури кафето, наместо да викате, насмејте се, кажете шега и заедно исчистете го нередот. Гледајте ги работите од позитивна страна и покажете му на детето дека не е сè така црно во животот.

kvaliteti-koi-treba-da-gi-poseduvate-i-kje-vi-bidat-od-korist-koga-kje-stanete-roditeli-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Искрени исповеди од наставници: „Работи кои сакаме да им ги кажеме на родителите, а не смееме“ „Вашето дете се однесува лошо затоа што првпат се сретнува со граници. Не сум ло...
7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
9 типа на однесување на родителите, што им се враќаат како бумеранг (низ илустрации) Ги издавате тајните на детето пред сите или го карате кога ќе ви се довери. Му в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg