Трик за сите родители: Масажа на 7 точки на стапалата помага при смирување на бебињата

Доколку имате мало бебе, сигурно многупати се соочувате со нивниот плач кој понекогаш лесно го смирувате, но некогаш, едноставно ништо не успева.

ednostavna-masazha-za-smiruvanje-na-bebinjata-trik-koj-mnogu-roditeli-ne-go-znaat-01.jpg

Но, дали сте знаеле дека постои многу едноставен начин со помош на масажа, кој веднаш ќе ги смири бебињата?

Стапалото е поврзано со многу делови од телото и постојат 7 точки кои доколку ги масирате нежно, ќе помогнат бебето да се смири доколку го мачи некој од следниве проблеми:

ednostavna-masazha-za-smiruvanje-na-bebinjata-trik-koj-mnogu-roditeli-ne-go-znaat-002.jpg

Врвот на прстите на стапалата е поврзан со главата и забите, па масажата може да ги смири бебињата кои плачат заради растење на забите. Нежно масирајте го тој дел и немојте воопшто да бидете груби .

ednostavna-masazha-za-smiruvanje-na-bebinjata-trik-koj-mnogu-roditeli-ne-go-znaat-03.jpg

Средниот дел на прстите е поврзан со синусите, па масажата во тој дел ќе делува доколку на детето му тече носот и има проблеми со дишење на нос.

ednostavna-masazha-za-smiruvanje-na-bebinjata-trik-koj-mnogu-roditeli-ne-go-znaat-04.jpg

Врвот на стапалата е поврзан со белите дробови, па оваа масажа ќе ги смири доколку се работи за некаков проблем поврзан со нив или настинка која може да доведе до проблеми со дишење, јадење и спиење.

ednostavna-masazha-za-smiruvanje-na-bebinjata-trik-koj-mnogu-roditeli-ne-go-znaat-05.jpg

Средната точка во средниот дел на стапалата пак, е поврзан со стомакот. Нежната масажа на овој дел од стапалото ќе им помогне на бебињата кои ги мачат гасови и грчеви.

ednostavna-masazha-za-smiruvanje-na-bebinjata-trik-koj-mnogu-roditeli-ne-go-znaat-06.jpg

Средината на стапалото е поврзана со горниот дел од стомакот, па нежна масажа на овој дел помага за проблеми со цревата.

ednostavna-masazha-za-smiruvanje-na-bebinjata-trik-koj-mnogu-roditeli-ne-go-znaat-07.jpg

Масажата на стапалата во долниот дел над петата помага при проблеми како запек, бидејќи овој дел е поврзан со долниот дел од абдоменот.

ednostavna-masazha-za-smiruvanje-na-bebinjata-trik-koj-mnogu-roditeli-ne-go-znaat-08.jpg

Петата на бебето пак, е поврзана со делот во карлицата, па ако се сомневате дека бебето го мачи тој дел (колковите и стомакот) нежно масирајте ги во делот на петите.

ednostavna-masazha-za-smiruvanje-na-bebinjata-trik-koj-mnogu-roditeli-ne-go-znaat-09.jpg

Секако, ова не значи дека треба да се потпрете само на овие масажи, но тоа може да помогне привремено детето да се смири, а не губите ништо доколку се обидете и проверите дали ќе успее и со вашето бебе.

Сепак, добро е да се консултирате и со лекар пред да се одлучите за овие масажи.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
Искрена исповед на мајка: „Тешко ми е летниот период со бебе, кога не можам да излезам надвор“ Кои се вашите размислувања? Дали сметате дека повеќето мајки се&n...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
„Прости ми што ти се лутам кога се будиш, а мене ми се спие“ - Мајка со емотивна порака до детето „Прости ми што понекогаш сум среќна што некој друг се грижи за тебе. Прости...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg