10 работи кои никој не ви ги кажува за новороденчињата, а треба да ги знаете

Ќе имате грижа на совест, ќе се преиспитувате постојано и ќе се пресоблекувате по неколку пати на ден.

10-raboti-koi-nikoj-ne-vi-gi-kazuva-za-novorodencheto-a-treba-da-gi-znaete-01.jpg

Ги прочитавте сите прирачници за родители, ја подготвивте детската соба за пристигнувањето на новороденчето, но сепак пред да дојде на свет вашето малечко, треба да знаете неколку работи.

Еве некои информации за новороденчињата, кои можеби никој не ви ги кажал:

Не им е толку студено како што мислите

Замислете некој да ве витка во шал, капа, ќебе во просторија во која што температурата веќе ви е пријатна. Многу луѓе претпоставуваат дека бебињата смрзнуваат во домовите во кои температурата е на оптимално нив.

Ако вам не ви е ладно, најверојатно и нему не му е ладно.

Врската може да не се создаде веднаш

Дури и со вашето дете може да не постои љубов на прв поглед. Некои родители врската со новороденчето треба да ја развијат постепено.

Колку и да изгледа прекрасно на телевизија, хранењето и бањањето на бебе што плаче не е секогаш многу забавно искуство.

Нема да имате недостиг од совети

Доење, пелени, закажувања на доктор, вакцини... Нема да има недостиг од експерти кои ќе ви кажуваат како да го одгледувате вашето бебе.

Чудни работи се случуваат во пелените

Тоа што ќе го пронајдете во пелените понекогаш може да ве исфрли од колосек.

На пример дали знаевте дека првото движење на дебелото црево на вашето новороденче може да резултира со црна, леплива материја, а ако е девојче може да пронајдете дури и некоја капка крв. Сите оние хормони од мајката, кои ги добива бебето, може да предизвикаат мини менструален циклус.

Ќе мислите многу на „полните“ пелени

Дали се случува доволно често? Дали таква треба да биде бојата? „Полните“ пелени кажуваат многу за здравјето на вашето бебе, па немој да бидете изненадени ако се опседнете со тоа.

Тие се полизгави од што мислите

Дури и да сте совршено подготвени, првото капење на бебето може да ви биде тест за нервите.

Кога е влажна и пенлива кожата на вашето бебе е полизгава од што мислите. Затоа за почеток подобро е четири раце наместо две.

Нема крај на грижата на совест

Без разлика дали ќе одберете хранење со вештачко млеко, ќе ангажирате дадилка или ќе му дадете да проба сладолед, големи се шансите дека ќе чувствувате грижа на совест за тоа.

Постојано ќе се преиспитувате за вашите одлуки, но тоа е дел од улогата на родител.

Ќе ве загрижат акните

Може да се запрашате како на нежната бебешка кожа се појавија акни, но само помислете на неговата средба со овој нечист, токсичен свет.

Може да ви изгледа како да ќелави

Дури и вашето бебе да се роди со многу коса, можно е да изгуби дел од неа во првите неколку месеци од животот. Најмногу на задниот дел од главата што му се трие лежејќи.

Вашата машина за перење ќе работи турбо

Повраќање, истурање, млеко од доењето... Вашата машина ќе работи постојано со ваша и облека од бебето.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Искрена исповед на мајка: „Тешко ми е летниот период со бебе, кога не можам да излезам надвор“ Кои се вашите размислувања? Дали сметате дека повеќето мајки се&n...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg