Поштедете ги од кавги, лаги, осуди: Што точно (не) сакаат децата од своите родители?

Наместо книги и прирачници за родителство, понекогаш е најдобро да ги прашате и послушате децата – што тие посакуваат и какви родители ним им се неопходни.

poshtedete-gi-od-kavgi-lagi-osudi-shto-tochno-ne-sakaat-decata-od-svoite-roditeli-1.jpg

Додека родителите со часови може да водат расправи околу нештата кои ги сакаат од своите деца, како е најдобро да ги воспитуваат, или, пак, што очекуваат од нив во возрасното доба, малкумина се спремни на истиот начин да дискутираат и за себеси, односно каков родител тие самите треба да бидат.

poshtedete-gi-od-kavgi-lagi-osudi-shto-tochno-ne-sakaat-decata-od-svoite-roditeli-2.jpg

Затоа, научниците се досетија, па директно ги прашаа децата. Очекувано, тие ги дадоа најдобрите одговори на тема - родителство, односно што точно сакаат и потајно очекуваат од родителите.

Во истражувањето учествуваа илјадници деца, а сумираните резултати ви ги откриваме во продолжението од текстот.

poshtedete-gi-od-kavgi-lagi-osudi-shto-tochno-ne-sakaat-decata-od-svoite-roditeli-3.jpg

Кога децата би се прашувале, нивните родители (не) треба да го прават следното:

1. Тие сакаат родители кои нема да се расправаат и викаат пред нив. Постои подобар начин, а се нарекува взаемна комуникација, со која проблемите, особено пред децата, може да се решат на потивок и поразумен начин. Така децата ќе научат да ги аргументираат своите ставови со факти, а не со вресок и врева.

poshtedete-gi-od-kavgi-lagi-osudi-shto-tochno-ne-sakaat-decata-od-svoite-roditeli-4.jpg

2. Тие сакаат нивните родители секого да го третираат подеднакво, бидејќи помладото дете сака да има идентичен третман како постарото, а и обратно. Иако родителите знаат дека децата не се исти, таквата разлика не би смееле пренагласено да ја потенцираат.

poshtedete-gi-od-kavgi-lagi-osudi-shto-tochno-ne-sakaat-decata-od-svoite-roditeli-5.jpg

3. Тие не сакаат кога родителите лажат, а ним им говорат дека тоа не смее да го прават. На пример, кога мајката не сака да ѝ крене на телефон на свекрвата, па на своето дете му вели: Кажи дека не сум дома!“. Иако таквите лаги немаат врска со него, детето ги слуша, па од таквите примери и учи. А, наспроти нив, го збунуваат последователните родителски лекции, со кои и понатаму му тврдат дека потребно е секогаш да ја кажува само вистината.

poshtedete-gi-od-kavgi-lagi-osudi-shto-tochno-ne-sakaat-decata-od-svoite-roditeli-6.jpg

4. Тие не сакаат нивните родители да покажуваат нетрпеливост кон некого. Негативните коментари на сметка на било кого, колку и да немаат врска со децата, во нив ќе создадат чувство на непријатност. Со тек на времето, и самите ќе попримат сличен негативен став кон луѓето кои се различни од нив, а тоа нема да ги направи среќни.

poshtedete-gi-od-kavgi-lagi-osudi-shto-tochno-ne-sakaat-decata-od-svoite-roditeli-7.jpg

5. Тие многу сакаат нивните родители да имаат големо друштво, па често да примаат гости во домот, дури и ако тоа не се исклучиво „мали“ гости.

poshtedete-gi-od-kavgi-lagi-osudi-shto-tochno-ne-sakaat-decata-od-svoite-roditeli-8.jpg

6. Тие сакаат родителите секогаш да имаат време за да им одговорат на сите нивни прашања. Децата не се само љубопитни. Тие уште долги години ќе бидат во фаза на учење, па затоа сакаат да ги дознаат сите одговори тогаш кога ги побарале. Не утре, задутре или следната година, туку сега.

poshtedete-gi-od-kavgi-lagi-osudi-shto-tochno-ne-sakaat-decata-od-svoite-roditeli-9.jpg

7. Тие сакаат родителите да посветуваат повеќе внимание на тоа што го направиле добро, наместо лошо. Децата знаат кога и во колкава мера погрешиле, но исто така знаат и дека во текот на денот направиле мноштво добри нешта, па фрустрирани се кога родителите не го забележуваат тоа. Затоа, попрво фокусирајте се на доброто, како би го надвладеале лошото.

poshtedete-gi-od-kavgi-lagi-osudi-shto-tochno-ne-sakaat-decata-od-svoite-roditeli-10.jpg

8. Иако родителите често мислат дека децата попрво би избегнале секаква казна или дисциплина, ним во суштина им се потребни и родители со цврста рака. Така се чувствуваат посигурно и знаат дека родителите навистина  им обрнуваат внимание. Меѓутоа, ниту едно дете не сака кога некој го дисциплинира во јавност.

poshtedete-gi-od-kavgi-lagi-osudi-shto-tochno-ne-sakaat-decata-od-svoite-roditeli-11.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg