Грешки на родителите заради кои децата кажуваат лаги и како да ги спречите

Тешко дека постои некој кој досега не кажал ниту една лага, без разлика каква е.

greshki-zaradi-koi-decata-kazhuvaat-lagi-i-kako-da-gi-sprechite-01.jpg

Ако ништо друго, сигурно сте запознале такви кои одвреме-навреме знаат да си кажат по некоја лага – некои од нив се добри, а некои лоши.

Сепак, кога од устата на вашето дете ќе излезе лага, не знаете како да реагирате.

За да се справите со тоа, дознајте кои се причините поради кои децата лажат, а најчесто се поврзани со родителите и како да го спречите тоа:

Децата ги знаат последиците

Многу често децата лажат бидејќи знаат дека вистината може да предизвика да бидат казнети. Обидете се да ги охрабрувате да ја кажуваат вистината така што, казната ќе биде послаба и не толку строга за детето да се плаши.

greshki-zaradi-koi-decata-kazhuvaat-lagi-i-kako-da-gi-sprechite-02.jpg

Децата не сакаат да ве вознемират

Децата ве сакаат и не сакаат да ве вознемируваат. Ако вашата реакција на вистината не е толку бурна, тогаш тие нема да се плашат да ви ја соопштат вистината.

greshki-zaradi-koi-decata-kazhuvaat-lagi-i-kako-da-gi-sprechite-03.jpg

Децата не лажат, туку фантазираат

Понекогаш децата го мешаат значењето на желбите и реалноста. Тие кажуваат сѐ за нивните неверојатни авантури, а некогаш може и да кажат дека имаат братче или сестричка иако не е така. Немојте да реагирате бурно и строго на ваквите лаги, бидејќи тие со текот на времето ќе исчезнат сами.

greshki-zaradi-koi-decata-kazhuvaat-lagi-i-kako-da-gi-sprechite-04.jpg

Децата мислат дека лажењето е културно

Понекогаш децата мислат дека лажењето е правилно. Тие се среќни што носат чорапи кои ги сплетела нивната баба, но длабоко во себе не се задоволни со подарокот.

Па, тие не ја кажуваат вистината за да не ве повредат. На крајот на краиштата, понекогаш сите го правиме истото.

greshki-zaradi-koi-decata-kazhuvaat-lagi-i-kako-da-gi-sprechite-05.jpg

Очекувате од децата еден одговор

Многу често кога родителите ги прашуваат нешто децата, тие го формулираат прашањето на начин на кој е можен само еден одговор. На пример, кога ќе ги прашате „Вкусно ли е?“, а очигледно е дека тие не сакаат да го јадат тоа што е во чинијата.

Во такви ситуации, најдобро е да го формулирате прашањето на друг начин и некако да се договорите со детето.

greshki-zaradi-koi-decata-kazhuvaat-lagi-i-kako-da-gi-sprechite-06.jpg

И вие кажувате лаги

Детето ги копира родителите во сѐ. Па, ако живее во околина каде постојано се кажува по некоја лага, и тоа ќе престане да ја зборува вистината.

Решението е едноставно – бидете искрени - сите.

greshki-zaradi-koi-decata-kazhuvaat-lagi-i-kako-da-gi-sprechite-07.jpg

Децата мислат дека не се доволно паметни

Ако се однесувате со децата како да не се доволно интелигентни, им викате и ги обвинувате за многу работи, тие нема да сакаат да научат што е добро и правилно. А, кажувањето вистина е дел од доброто.

Обидете се да разговарате со децата како да сте на иста возраст и објаснете им што е погрешно, без да ги обвинувате и да им викате. На овој начин, децата ќе имаат желба да пораснат и полесно ќе ја сфатат важноста на кажувањето вистина.

greshki-zaradi-koi-decata-kazhuvaat-lagi-i-kako-da-gi-sprechite-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg