Како да препознаете дека некој го малтретира вашето дете на училиште?

Малтретирањето помеѓу врсниците станува сè почеста појава во последно време. Особено е изразено во училиштата, и тоа најмногу во основните училишта.

kako-da-prepoznaete-deka-nekoj-go-maltretira-vasheto-dete-na-uchilishte-01.jpg

Најчесто се манифестира вербално, но во некои случаи може да премине и во физички напади што е веќе сериозна закана за детето.

Во овој период, децата се во специфична возраст и треба многу да се внимава со кого се дружат и како им поминуваат деновите.

Ако сте родител, а детето не ви се отвора за проблемите кои ги има, постојат неколку знаци по кои можете да препознаете дека вашето дете е жртва на малтретирање од врсниците:

Главоболки и болки во стомакот

Ако докторот потврдил дека нема физичка причина за овие проблеми, можеби детето претрпува стрес, па тоа се манифестира со главоболка или болка во стомакот.

Често, децата ги користат ова и како изговор за да отсуствуваат од училиште, а зад тоа всушност се крие друга причина. Обидете со искрен разговор да дознаете што точно се случува со вашето дете.

Нагли промени во односите со другите

Вашето дете одеднаш престанува да се дружи со своите другарчиња, не сака да оди на родендени и се однесува невообичаено кога е во друштво.

Децата често знаат групно да се свртат против друго дете, па тоа може да е причината зошто вашето дете не сака да биде во нивно друштво. Поврзете се со наставниците или со другите родители за да дознаете дали постои проблем.

kako-da-prepoznaete-deka-nekoj-go-maltretira-vasheto-dete-na-uchilishte-02.jpg

Одбивање да оди на училиште

Вашето дете наутро не сака да го напушти домот и одбива да оди на училиште поради навидум банални причини, му се спие, нешто го боли, не му е добро итн.

Ова особено е случај во понеделниците, откако детето го поминало викендот сигурно во својот дом и во безбедно опкружување. Обидете се да разговарате со него околу вистинските причини или побарајте помош од психолог ако навистина постои некаков проблем.

Интензивни емотивни реакции

Вашето дете реагира невообичаено на секојдневни работи и има промени во расположението. Се изолира, се затвора дома и не сака да разговара со никој, има изливи на бес и нервоза, одбива да јаде и да излегува и слично.

Емотивните реакции на децата кажуваат многу повеќе од зборовите, па внимателно забележете дали нешто се случува со него.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
„Сите ми велат: ‘Блазе си ти, какво дете имаш!’  - Знам какво е, и не ми се падна на лото!“ „Често ми велат, блазе си ти какво дете имаш! Знам јас какво дете имам! Единстве...
Што да направите ако друг возрасен (јавно) го критикува и навредува вашето дете? Покажете дека сте присутни, но потрудете се да не влегувате веднаш во расправија...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Едукативно видео: Што да прави вашето дете кога мисли дека некој го следи? Јутјуберка од Србија со ќерка ѝ направила едукативно видео во кое покажува како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg