Како да ги вклучите децата во домашните активности според нивната возраст?
Вклучувањето на децата во домашните активности од рана возраст е многу важно за нивниот развој. На тој начин тие се учат на одговорност и дисциплина.
Секако, кога децата се помали се почнува со полесни задачи, па како растат обврските на листата може да се зголемат.
За родителите понекогаш е тешко да одредат на која возраст треба да почнат да ги вклучат децата да помагаат дома.
Следете ги овие совети кои ќе ви помогнат правилно да одлучите:
Возраст: 2-3 години
На оваа возраст, важно е децата да се научат на одговорност. Вклучете ги децата да ви помогнат во следниве активности:
ставање облека во машина за перење
раскревање на играчките
редење книги на полиците
хранење на домашното милениче
фрлање на пелените во корпа
Возраст: 4-7 години
Кога децата веќе се научиле дека има работи со кои можат да помогнат низ дома, време е за малку потешки задачи. Дел од нив можат да ги прават самостојно, а дел со ваша помош или заедно со постарите деца во семејството:
поставување на масата за јадење
местење на креветот
распоредување на работите купени од пазар
спремање на ранецот за училиште
Возраст: 8-10 години
Кога детето веќе целосно го разбира концептот на домашни задачи и обврски, можете да го вклучите во следниве активности:
средување на детската соба
помош во миење на автомобилот
фрлање ѓубре
чистење лисја во дворот
ставање садови во машина за миење садови
диплење на испрана облека и средување на плакарот
Возраст: 11+
На оваа возраст, децата веќе сами ќе бараат да им се зголеми листата на задачи бидејќи ќе се чувствуваат како да придонесуваат во домот и да им помагаат на родителите. На листата на задачи додадете:
грижа за домашните миленици околу храната
миење садови
помош во чистење на кујната
косење трева
шетање на кучето (со придружба)
помош околу готвењето (печење колачиња, на пример)
грижа за помалите браќа или сестри, во зависност од возраста
М. В. | Црнобело