Жените кои ќе родат бебе во 30-тите ќе живеат подолго?!

Просечната возраст кога жените за првпат стануваат мајки ширум Европа сѐ почесто е по 30-тата година од нивниот живот.

zenite koi kje rodat bebe vo 30 tite najverojatno kje ziveat podolgo 01

И додека експертите за плодност ги предупредуваат жените дека овој тренд на одложување на бременоста може да ги остави без деца, има едно ново истражување кое оди во нивна корист.

Научниците на Универзитетот Coimbra во Португалија донесоа добри вести за постарите мајки. Тие испитуваа мајки ширум Европа и дојдоа до заклучокот дека жените кои станале мајки подоцна во животот е поверојатно дека ќе живеат подолго од тие кои родиле во тинејџерските години или во 20-тите. Студијата е објавена во магазинот Journal of Public Health.

На долговечноста на жените влијаат повеќе фактори, но најизненадувачки е влијанието на периодот на забременувањето, кој оди во прилог на трендот сѐ почесто жените да забременуваат во раните 30-ти.

Уште една студија објавена во магазинот Menopause journal го докажа истото. Кај мајките кои раѓаат на 33 години или постари има трипати поголема веројатност да имаат одредени ДНА маркери за долговечност за разлика од мајките кои раѓаат помлади.

Но ниту една од студиите не даде објаснување зошто постарите мајки живеат подолго.

Жените кои зачнуваат подоцна во животот се пообразовани и пореализирани во професионалниот живот, вели експертот за плодност Лорд Винстон, па тие имаат можност за долговечност поради тоа што може да си дозволат поздрав начин на живот, додава тој.

Сепак експертите предупредуваат дека можноста за забременување е драстично поголема во 20-тите години, па постои ризик ако ја одложите бременоста за подоцна.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Мајка ми не трчаше на лекар за секоја ситница, не ѝ паѓаше на памет да ме штити од наставниците“: Р... „Нашите мајки не се плашеа толку за нас. Денес - дои го детето до трето одделени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg