4 работи за кои не треба да се објаснувате откако ќе станете мајка
Новопечените мајки многу често не се сигурни дали постапуваат правилно и често знаат да се сомневаат во себе во однос на односите со луѓето околу нив.
Ако сте една од нив, треба да знаете дека постојат работи за кои никогаш не треба да се чувствувате лошо. Прочитајте дел од нив во продолжение и уживајте во најубавите денови со вашето малечко.
Готвење
Невозможно е секој ден да готвите ручек или вечера за семејството. Нека не ве гризе совеста за ова, кога ќе имате малку повеќе слободно време, ќе ги зготвите сите омилени јадења.
Чистење
Во овој период од животот, нормално е да не стигнувате да го „светнете“ домот и тоа е сосема во ред. Преокупирани сте со поважни работи и не морате никому да му се објаснувате.
Гости
Откако ќе се роди бебето, сите сакаат да дојдат да го видат, но тоа не значи дека имате време и енергија на сите да им правите друштво. Сосема е во ред да не сакате да сте со многу луѓе во овој период и никој не треба да ви замери за тоа.
Женски излегувања
Вашите најдобри пријатели треба да бидат свесни за вашата нова животна улога. Секако дека не треба потполно да ги заборавите, но во овој момент имате други приоритети. Ако пријателството е вистинско, нема потреба да се чувствувате лошо или да се објаснувате.
М. В. | Црнобело