Навики кои децата ги стекнуваат заради неправилно воспитување од родителите

Без разлика на тоа колку се трудите да го воспитате и образувате своето дете, понекогаш малите грешки знаат да направат штета.

6-situacii-kade-roditelite-ne-gi-vospituvaat-pravilno-decata-01.jpg

Во некои ситуации родителите, без разлика на тоа колку сакаат, не успеваат да се постават правилно во секоја ситуација.

6 типични ситуации каде родителите не постапуваат правилно и како да се поправи грешката:

1. Навиката на детето да прекинува

Фразата „Не ме прекинувај“ нема да помогне. Детето мора да научи да почека да дојде на ред, а тоа можете да го направите, ако убаво му објасните што треба да прави. Пример, ако зборувате на телефон, пред да кренете слушалка кажете му: „Сега ќе зборувам на телефон и не сакам да бидам прекинувана. Ќе завршам со зборување кога стрелките на часовникот ќе дојдат до оваа цртка. Тогаш можеш да ме прашаш што сакаш.“.

6-situacii-kade-roditelite-ne-gi-vospituvaat-pravilno-decata-1.jpg

2. Детето допира работи во продавница и агресивно бара да се купат

Важно е детето да научи дека одредени желби не можат да се остварат . За таа цел, пред да пазарувате, заедно креирајте листа на работи кои треба да се купат и на неа направете нешто интересно што ќе го одзема вниманието на детето.

6-situacii-kade-roditelite-ne-gi-vospituvaat-pravilno-decata-2.jpg

3. Не употребува учтиви зборови

Колку порано почнете да го учите детето да користи учтиви зборови, толку подобро. Никогаш не му давајте работи само на зборовите „Дај ми...“, туку чекајте да каже „Те молам дај ми...“.

6-situacii-kade-roditelite-ne-gi-vospituvaat-pravilno-decata-3.jpg

4. Не знае за граници

Секако дека му е тешко на детето да научи дека одредени информации не треба да се споделуваат јавно, а за да го научите на тоа, обидете се на мирен начин да му кажете дека работата која ја мисли треба да ја сподели дури дома откако ќе дојдете.

6-situacii-kade-roditelite-ne-gi-vospituvaat-pravilno-decata4.jpg

5. Страв му е да се движи подалеку од вас

Кога родители им прават одредени ограничувања на децата, нормално е истите да се плашат да прават работи без вас и да станат зависни. Но, тоа однесување не е добро за детето, затоа што подоцна и како возрасна личност сè уште ќе биде зависно од вас.

6-situacii-kade-roditelite-ne-gi-vospituvaat-pravilno-decata-5.jpg

6. Нарушување на приватноста на непознатите

Ако детето лесно може да зборува со непознати лица, тоа значи дека во семејството владее доверба, а детето не е свесно дека непознатите лица можат да имаат други интереси. Не го оставајте детето да прави баш што сака, само затоа што сега тоа ви изгледа „слатко“, научете го да има одредени граници во однесувањето со другите.

6-situacii-kade-roditelite-ne-gi-vospituvaat-pravilno-decata-6_copy.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Трикови со кои полесно ќе го „преживеете“ одењето на фризер со дете Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони кад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg