Социјални вештини кои секое дете треба да ги усоврши од рана возраст
Детскиот развој и развивање се нешто што треба да се следи будно, секојдневно.
Со оглед на тоа што социјалните вештини се подеднакво важни како и развивањето на интелигенцијата, сите родители треба да ја знаат следната листа.
10 вештини кои треба да настојувате детето да ги научи уште од рана возраст:
1. Како да се претстави со доза на самодоверба
2. Како да побара помош без да се срами
3. Како да ги следи инструкциите кои му се даваат
4. Како да остане сконцентриран/а на задачите кои ги прави
5. Како пристојно да не се сложи со она што другите го мислат
6. Како да прифати „не“ како одговор без плачки
7. Како да се почитува самиот/самата себе и да застане цврсто зад своите верувања и ставови
8. Како да се извини од срце
9. Како да си ги контролира емоциите
10. Како да биде емпатична личност за туѓите проблеми и несреќи
М. Д. | Црнобело