Типови на детско однесување кои ниту еден родител не смее да ги игнорира

Да се биде родител истовремено е најубава, но и најтешка задача која ја има секој човек. Не е лесно правилно да воспитувате дете, да го образувате и да го водите на правиот пат.

tipovi-na-detsko-odnesuvanje-koi-nitu-eden-roditel-ne-smee-da-gi-ignorira-01.jpg

Понекогаш дури и да сакаме, одредени однесувања на децата не можеме да ги разбереме, ниту пак правилно да се соочиме со нив.

Но, постојат неколку однесувања кои никако не смеат да се игнорираат, напротив, треба да се најде начин како да ги спречите и да го научите детето да се однесува убаво.

Неколку такви однесувања на кои морате да обрнете внимание доколку се појават:

1. Прикривање

Понекогаш децата се плашат да кажат дека биле сведоци на некој непријатен настан само затоа што мислат дека ќе бидат казнети или во неволја заради тоа. Од друга страна пак, некои учат да бидат „тужи баби“. Важно е да се научи детето дека треба да помага на другите, посебно кога гледа дека се во неволја, но тоа да не го прави од себични цели.

Решение: На детето морате да му ја објасните разликата меѓу зборливост и издавање и внимателност.

tipovi-na-detsko-odnesuvanje-koi-nitu-eden-roditel-ne-smee-da-gi-ignorira-1.jpg

2. Ривалство помеѓу браќа и сестри

Понекогаш може да се случи родителите да предизвикаат конфликт меѓу децата поради што едното да помисли дека другото е поважно, посакано, миленик на семејството...

Решение: Многу е важно да ги научите децата да работат како тим и сите конфликти да се решаваат ферски без да изгледа како едното дете да има предност во семејството. Исто така, важно е со сите децата да поминувате подеднакво време за да нема потенцијал за конфликти и ривалство.

tipovi-na-detsko-odnesuvanje-koi-nitu-eden-roditel-ne-smee-da-gi-ignorira-2.jpg

3. Крадење

Децата може понекогаш кога другите не внимаваат на ситуацијата, заради желбата да поседуваат нешто што не е нивно, да го преземат како свое.

Решение: Важно е како вие ќе се поставите во таквата ситуација. Прво, морате да останете смирени. Ако ова се случува првпат, обидете се да откриете зошто детето го направило тоа и објаснете му дека тоа не треба да се прави. Потоа, натерајте го да го врати тоа што го присвоило и да се извини. Ако ова се случува одново и одново, најдобро е да побарате стручна помош за да не премине во навика.

tipovi-na-detsko-odnesuvanje-koi-nitu-eden-roditel-ne-smee-da-gi-ignorira-3.jpg

4. Непочитување на другите

Непочитувањето може да се појави не само кај тинејџерите, туку и кај децата од 2 години, па нагоре. Младите деца често знаат да го повторат тоа што го виделе на телевизија или да ги копираат постарите членови во семејството, бидејќи мислат дека тоа е нормално.

Решение: Откријте која е причината за ваквото однесување и научете го детето на правилен начин да ги изразува желбите и емоциите. Секако, важно е тоа да го правите на смирен начин и да слушате. Ако детето се однесува провокативно, добро е да пробате и да му ги одземете привилегиите кои ги има во тој момент.

tipovi-na-detsko-odnesuvanje-koi-nitu-eden-roditel-ne-smee-da-gi-ignorira-4.jpg

5. Мамење и лажење

Децата на 7 години обично имаат многу активна имагинација, но од друга страна, тука се лагите кои ги кажуваат за да избегнат проблеми, заради внимание или заради страв од родителите кои се престроги.

Решение: Бидете смирени кога ќе забележите вакво однесување, бидејќи во спротивно со викање ќе постигнете спротивен ефект. Размислете за адекватна казна и научете го детето на важноста да се биде искрен, бидејќи тоа ја нарушува довербата во односот.

tipovi-na-detsko-odnesuvanje-koi-nitu-eden-roditel-ne-smee-da-gi-ignorira-5.jpg

6. Плачливост

Прво обрнете внимание дали детето ве повикува и се жали од вистински причини и станува збор за нешто алармантно или пак, тоа го прави само за да добие внимание. Само тогаш кога има преголеми барања, ваквото однесување може да се смета за непожелно.

Решение: Потенцирајте му на детето дека мора да се научи да зборува со нормален глас, без плачење и жалење.

tipovi-na-detsko-odnesuvanje-koi-nitu-eden-roditel-ne-smee-da-gi-ignorira-6.jpg

7. Нема добри манири

Детето мора да се научи на основна почит кон другите членови во семејството. Да знае да каже „молам“, „благодарам“, „те молам“, „извини“... Исто така, мора да ги знае основните правила за добро однесување.

Решение: Со личен пример морате да го научите детето на добро однесување и почит кон другите, прво во семејството, а потоа и надвор од истото.

tipovi-na-detsko-odnesuvanje-koi-nitu-eden-roditel-ne-smee-da-gi-ignorira-7.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg