Зошто децата кои имаат помалку играчки се посреќни?
Играчките не се само забава за децата и начин тие да бидат тивки и мирни. Тие се нешто од кое децата учат за светот и за себе.
Мудрите родители внимателно размислуваат за бројот на играчките кои ги имаат нивните деца.
Додека повеќето детски и спални соби се исполнети до таванот со играчки, родителите треба да научат да го ограничат бројот на играчки со кои ќе можат да располагаат нивните деца.
Следните 12 причини ќе ви покажат зошто ограничениот број на играчки може да им биде од корист на децата на долг рок.
1. Учат да бидат покреативни
Огромниот број на играчки го спречува целосното развивање на имагинацијата кај децата. При спроведување на еден експеримент во детска градинка биле отстранети сите играчки за децата. Иако во почетните фази од експериментот била забележана досада кај децата, сепак набрзо тие почнале да ги користат работите околу нив за да измислат нови игри во кои во голема мера да ја користат имагинацијата.
2. Го развиваат своето внимание
Кога на децата им се понудени премногу играчки нивното внимание за нив се намалува. Детето ретко ќе ја цени играчката пред него, кога знае дека во плакарот позади него има цел куп со други играчки.
3. Ги подобруваат нивните социјални вештини
Децата со помалку играчки учат како да ги развиваат меѓучовечките односи со другите деца и со возрасните.
4. Учат како да се грижат за своите работи
Кога децата имаат премногу играчки секако дека нема да се грижат за нив, бидејќи знаат дека секогаш ќе најдат замена за нив. Ако детето често ги уништува играчките, само намалете го нивниот број.
5. Развиваат поголема љубов кон читањето, пишувањето и уметноста
Намалениот број на играчки ќе им овозможи на децата да ги засакаат книгите, музиката, сликарството и сл.
6. Стануваат поснаодливи
Во образованието учениците се поттикнуваат да размислуваат како да дојдат до одговорот на некое прашање. Истиот принцип може да се примени и во забавата и игрите кај децата. Снаодливоста е подарок со неограничен потенцијал.
7. Помалку се расправаат едни со други
Многу родители мислат дека повеќето играчки ќе ги намалат кавгите помеѓу децата бидејќи ќе имаат повеќе опции на располагање. Меѓутоа секогаш кога ќе им се купи нова играчка децата сакаат да ја присвојат само за себе.
8. Учат да бидат поупорни
Децата кои имаат премногу играчки лесно се откажуваат од нив. Ако не можат да ја разберат некоја играчка многу лесно се откажуваат и избираат некој полесна. Од друга страна, децата со помалку играчки учат да бидат поупорни, потрпеливи и поодлучни.
9. Стануваат помалку себични
Децата кои добиваат сè што ќе посакаат мислат дека можат да имаат сè. Овој став брзо ќе доведе до лош и недостоен начин на живот.
10. Подобро ја доживуваат природата
Децата кои немаат полни плакари со играчки се склони повеќе време да поминуваат во природа. Така многу веројатно е дека во играта ќе бидат вклучени и физички вежби кои придонесуваат за поздрав и посреќен начин на живот.
11. Учат да најдат задоволство надвор од продавницата за играчки
Вистинската радост и задоволство никогаш не се пронаоѓаат во продавниците за играчки. Децата треба да се учат дека задоволството не може да се купи со пари.
12. Живеат во почист и поудобен дом
Ако имате деца знаете дека нередот со играчки многу лесно може да го опфати целиот дом. Помалку играчки значат дека ќе имате почист и поздрав дом.
М. С. | Црнобело