3 работи кои треба да ги знаете пред да забремените

Бременоста е период од животот на секоја жена кој никогаш не се заборава. Покрај прекрасното сознание дека во вас носите нов живот, бременоста знае да биде навистина тешка и неподнослива.

3-raboti-koi-treba-da_gi_znaete-pred-da-zabremenite-2.jpg

Кога сите ви ги набројуваат позитивните работи, всушност забораваат да ве предупредат и подготват за она што навистина следува.

Во продолжение прочитајте неколку факти во врска со бременоста кои најблиските се обидуваат да не ви ги кажат:

Утринската мачнина може да трае со месеци

Тоа е точно! Иако утринските мачнини се карактеристични за почетокот на бременоста, сепак гадењето и лошењето може да трае подолго, а во некои случаи и во текот на целата бременост. Сепак, мора да се потенцира дека ваквите ситуации се индивидуални и се разликуваат од бременост до бременост.

Ќе имате желба да се храните нездраво

Ова е можеби најтешкиот дел. Кога се обидувате да внесувате здрава храна богата со витамини, тоа е единственото нешто што не ви се јаде во тој момент. Сакате да јадете салата, но одеднаш без причина почнува да ви се лоши од самата помисла на зеленчукот. Но, немојте премногу да се грижите, сето тоа е нормално. Ваквата состојба може да трае една недела или 5 месеци, а може и воопшто да не се случи.

Во првото тримесечје може да ви биде тешко да работите

Во првите три месеци додека се формираат органите на бебето, вашето тело доживува вистински хормонски шок, а тоа секако се манифестира и на вашата енергија. Во овој период, жените се особено чувствителни, но пред сѐ и исцрпени. Утринските мачнини како и самиот процес, ја цицаат енергијата на новата мајка, па таа се чувствува поспано и недоволно заинтересирана за работата.

С. У | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Најдобриот брачен совет: Пред да пробате со нова личност, пробајте уште еднаш со вашиот сопруг/а дом... „Од сопругот/та ви е преку глава и тогаш доаѓа некој кој е нов, внимателен, совр...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg