Родители, не правете инвалиди од сопствените деца

Миличко не мачи се, јас ќе ти помогнам. Спиј си злато и до 2 попладне, уво нека не ти чуе. Зошто би сакала да работиш цело лето за ич пари, јас ќе ти давам пари. Го сакаш поскапиот одмор? Немаме баш толку во моментов, ама ќе се снајде тато за тебе, сé за моето злато.

Roditeli-ne-pravete-invalidi-od-sopstvenite-deca-01.jpg

Познати ви се овие изјави? Веројатно ги слушате секојдневно, од ултра совршени родители кои прават да се чувствувате неспособни и шугави затоа што им давате задачи на децата, затоа што и тие имаат обврски во домот колку и да се малечки и затоа што не попуштате пред нивните солзи и слатки гримаси.

Леле, какво срце имаш како од камен, зарем не ти се крши кога вака убаво те моли за нова играчка?

Не, не ми се крши воопшто. Затоа што знам дека ме манипулира. Затоа што има играчки колку за два животи. Затоа што не ѝ е потребна трета кукла во купот.

Сите го сакаме најдоброто за нашите деца. Подготвени сме да отидеме до неразумни граници, да го направиме и невозможното за нивната среќа и насмевка. Но, понекогаш ја преминуваме границата. Од толку многу што сакаме да им удоволиме, ги разгалуваме. Од желбата да ги заштитиме – ги правиме неспособни.

Ги водиме дури и оние најситни смешни битки кои им се случуваат во детството наместо нив. Сценариото е добро познато, две другарчиња ќе се скараат и ќе се закачнат пред зградата. Наместо да се остават децата сами да го разрешат конфликтот онака како што знаат и умеат, родителите добиваат неодолива желба да си ги одмерат силите со другите родители.

Тој неконтролиран порив води кон уништување на детската индивидуа. Вие изигрувате дрвен адвокат, водејќи ги сите негови битки – на игралиштето, во училиште, на факултет, па дури и на работното место.

Желбата да се заштити детето е посилна од сé, но најчесто е контрапродуктивна. Вие не можете да го заштитите од изринатите колена додека си игра, не можете да ги спречите сите настинки и вируси, не можете да инсистирате дека никој нема да го повреди во љубовта и нема да заврши некогаш со скршено срце.

Секако дека ќе се случат сите овие работи и многу полоши, и многу повеќе. Ваше е да го насочувате детето најдобро што можете. Да му оставите простор да дише. Да му поставувате задачи и цели, и точно да го знае значењето на зборовите почит, одговорност и труд.

Многу погрешно е размислувањето: „Мое си е детето, ќе правам што сакам со него. Ти гледај си го твоето“.

За сите кои барем еднаш го помислиле ова во животот, вреди да ја прочитате оваа прекрасна поема на либанскиот поет Калил Џибран:

Вашите деца не се ваши деца.

Тие се синови и ќерки на копнежот на животот кон себе.

Тие доаѓаат преку вас, но не се од вас.

Иако се со вас, не ви припаѓаат.

Вие треба да им дадете љубов, но не и мислите, бидејќи тие имаат свои мисли.

Треба да се даде дом на нивните тела, но не и на нивните души, бидејќи тие живеат во домот на иднината, во кој не можете да влезете дури и во своите соништа.

Треба да се обидете да сте такви какви што сте, но не посакувајте тие да бидат како вас.

Бидејќи животот не се движи наназад и не навлегува во вчерашниот ден.

Бидете лакот од кој вашите деца, како живи стрели ќе отстрелат.

Стрелецот ја гледа целта на патеката на бесконечноста, и Тој ве води со силата, за да може Неговата стрела да лета брзо и што подалеку.

Нека вашите лакови бидат оптегнати од раката на Стрелецот кон радоста.

Драги родители, не правете инвалиди од вашите прекрасни, здрави и способни деца. Само така ќе создадеме подобар и поубав свет.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg